
ФОТО: И во Киев има споменик на Кирил и Методиј, но сега со вреќи песок е заштитен од можна штета од руско бомбардирање
Во центарот на Киев е споменик на заштитничката на главниот украински град, принцезата од десетиот век светицата Олга.
Споменикот е изграден на еден од големите киевски плоштади во 90-тите години од минатиот век откако Украина ќе прогласи независност и ќе раскрсти со комунизмот.
Споменикот се состои од три скулптури. Во средина е светицата Олга, а од нејзината лева страна е споменик на браќата од Охрид, сесловенските просветители Кирил и Методиј.
Како споменикот на светицата, така и Свети Кирил и Методи не може да се видат затоа што е покриен со вреќи песок, заштитен појас од евентуални штети од руските бомбардирања кои зачестија во последните денови.