
ФОТО: Голем пожар во Битола
Голем пожар избувна попладнево во Битола. Според фотографии кои ги објави локалниот портал Апла, гори ридот над Еврејските гробишта.
Според првичните информации, гори сува треба, а на терен се екипи од противпожарната служба во Битола.
Се прават обиди да се локализира пожарот, бидејќи во близина се наоѓаат и куќи.
Фото: Апла

