
(ФОТО) Еве како изгледа автопат по невремето во Словенија
Словенија ја зафати силно невреме поради што патиштата се под вода.
„Автопатот кај Штаерска е затворен меѓу Жалец и Шентруперт кон Љубљана и од Врански до Жалец кон Целје. Поплавени се и обиколниците. Не патувајте, освен ако е апсолутно неопходно“, велат од службата за патишта во државата.
Веќе има неколку настрадани во поплавите во Словенија. И во јужна Австрија има поплави. Невреме утре според најавите ќе ја зафати и Македонија. Се очекува да наврнат над 25 литри дожд на метар квадратен површина.