Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФОТО: 6 години од канонизацијата на Св. Кипријан Слепченски, 243 години од страдањето
Македонија

ФОТО: 6 години од канонизацијата на Св. Кипријан Слепченски, 243 години од страдањето

30/04/2023

AA

Денес се навршуваат 243 години од упокојувањето и 6 години од канонизација на игуменот на манастирот свети Јован Претеча кај Слепче, монахот Кипријан Слепченски кој се упоколил на овој ден во 1780 година.

Верници денеска одновно го исполнија дворот на манастирот Свети Јован Претеча над селото Слепче, Демирхисарско.

Моштите на монахот Кипријан пронајдени се пред неколку години во дворот на манастирската црква при изведувањето на некои градежни работи и се чуваат во истото сребрено ковчеже кое се спомнува во записите на Висарион што е пронајдено при истите градежни изведби. Бојата на моштите е невообичаено темна што е најоригинален показ дека Кипријан бил мачен и жив запален на Велигден во 1780 година.

Проф. д-р Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ и научен советник во Центарот за истражување на културното наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, е првиот византолошки истражувач кој во Српските архиви најде оригинални стари записи за страдањата на монахот Кипријан кој служел во манастирот Свети Јован Претеча.

Записите за Кипријан првпат беа обелоденети и промовирани на Меѓународниот научен симпозиум посветен на манастирот Свети Јован Претеча што Општина Демир Хисар го организира на 6ти јули 2014 година, на големата прослава на 1000 годишнината од смртта на Македонскиот Цар Самуил и 1000 годишнината од постоењето на манастирот и населбата Слепче.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Намален бројот на новороденчиња во Македонија: Во второто тримесечје родени

27/08/2026
Македонија

Шестмесечно бебе донесено починато во поликлиниката во Драчево

27/08/2026
Македонија

Мицкоски: Намалувањето на цените важи за целиот училишен прибор

27/08/2026
Македонија

Започнаа контролите за цените на училишниот прибор – глоби до

27/08/2026
Македонија

Нови пожари горат низ Македонија, Ангелов: Опасноста од ширење е

27/08/2026
Македонија

Македонски производи на полиците на Lidl низ Европа

27/08/2026
Македонија

Мртвиот гавран најден во Ресен е заразен со западнонилски вирус,

27/08/2026
Македонија

Маж од Аеродром е шестата жртва од западнонилска треска во

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45286
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Намален бројот на новороденчиња во Македонија: Во второто тримесечје родени 3.684 деца

27/08/2026

Македонија и натаму се соочува со неповолни демографски движења, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во второто тримесечје

Шестмесечно бебе донесено починато во поликлиниката во Драчево

27/08/2026

Трагичен случај го потресе скопскиот регион откако шестмесечно бебе било донесено без знаци на живот во Поликлиниката во Драчево. Случајот

Мицкоски: Намалувањето на цените важи за целиот училишен прибор

27/08/2026

Родителите ќе можат да очекуваат пониски цени за набавката на училишниот прибор пред почетокот на новата учебна година. Владината мерка

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy