Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Формирано Работно тело ЗА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО
Македонија

Формирано Работно тело ЗА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО

18/09/2023

AA

Формирано е Работно тело за измени на Законот за урбано зеленило од експерти, претставници на институции и еко-активисти. Ова е прв состанок на кој присутните дадоа поддршка за  предложените законски измени, за да се спречи уништувањето на градското зеленило со урбаната експанзија и непочитувањето на законите. Овие измени добија поддршка и од претставниците на  Интерпартиската парламентарна група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени, со кои се одржа состанок  пред неколку дена во Парламентот.
Предлог-измените на законот беа претставени од тим од проектот „Повеќе зеленило за отпорно Скопје“, што го води  Зелен институт, во соработка со Градот Скопје, Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг ,,Ханс Ем”, а во партнерство со Флорозон и Македонско женско лоби, како дел од климатскиот проект на Еко-свест финансиран од Шведска.
Во продуктивната дискусија, од која произлегоа и неколку дополнувања и допрецизирања на одредби, учествуваа: претставници од Министерството за животна средина, Градот Скопје, општините Центар и Аеродром, независните советници Горјан Јовановски и Јане Димески од Градот Скопје и општина Центар, еко-активистите Татјана Чакулев и Дејан Димитровски, како и Лилјана Поповска од Зелен институт, Кирил Ристовски од Флорозон, Даниела Димитриевска од Македонското женско лоби и Кирил Сотировски од Факултетот за шумарски науки.
Беа претставени барањата за измена на Законот за урбано зеленило, донесен 2018 и усогласување со Законот за урбанистичко планирање, со Законот за градење и со Законот за прекршоци. Се бара:  усогласување на видовите урбанистички планови и планско-проектна документација според важечкиот Закон за урбанистичко планирање од 2020; усогласување на класите на намени на зеленило и зелена инфраструктура според важечкиот Правилник за урбанистичко планирање од 2020 и дефинирање на категориите на урбано зеленило според пешачкото растојание од домот и достапната површина; зголемување на нормативите за зеленило во м2/жител на ниво на град и минимален процент на градежна парцела, според новите европски трендови за зелена инфраструктура и одговор на климатските промени; утврдување на минимален процент на озеленетост на градежна парцела според класа на намени; допрецизирање на начинот на одржување на зеленилото; воспоставување обврска за ангажирање стручни лица (шумарски инженери, пејзажни архитекти) при планирање, проектирање, подигање, одржување и заштита на зеленилото; измени на казнените одредби заради усогласување со Законот за прекршоци од 2019 и зајакнато санкционирање на институциите кои не ги испочитувале законските одредби за минимум зеленило, не донеле стратешки документи за зеленило, не изработиле зелен катастар, издале градежни дозволи без минимален процент зеленило, уништиле зеленило и др.; допрецизирање на Правилникот за урбано зеленило според законските измени; дополнување на Законот за градење заради усогласување и обврска да не се издава градежна дозвола без исполета норма за зеленило.
Овие предлози призлегоа од анализата на законите, во која беа вклучени архитекти и урбанисти, шумарски инженери, правници и граѓански активисти. Се одржа јавна дебата на 6 јули 2023 во салата на Советот на Град Скопје, на која беа поканети сите засегнати страни: Министерството за животна средина, Министерството за транспорт и врски, Градот Скопје и скопските општини, Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг,,Ханс Ем”, Комората на овластени архитекти и овластени инжинери на Македонија, Асоцијацијата на архитекти на Македонија, експерти и заинтересирани граѓански организации (Зелен хуман град, О2 Иницијатива, Здравје пред профит, Зелените од Гази Баба,  Борба за Влае, За Расадник на можности, за хуман живот во Кисела Вода, Пржино, Во одбрана на Буњаковец и др.).
Зелен институт

Оваа активност е поддржана преку проектот „ГОи во акција за климатските промени“, спроведуван од страна на Еко-свест во партнерство со Македонското здружение на млади правници – МЗПМ и Организацијата за промовирање на природните вредности и луѓе – ЦНВП Македонија. Изразените ставови и мислења се на грантистот и на никој начин не ги одразуваат позициите и ставовите на Еко-свест и на донаторот – Владата на Шведска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВО СДСМ СЕ НЕРВОЗНИ ЗАТОА ШТО ГРУБИ МОЖЕ ДА СВЕДОЧИ

24/02/2026
Македонија

НИЕДНА ЗЕМЈА НЕМА БЕСКОНЕЧНО ДА ЧУВА БЕГАЛЕЦ КОЈ Е НА

24/02/2026
Македонија

АРТАН ГРУБИ ЌЕ ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР Според Обвинителството, ќе

24/02/2026
Македонија

АРТАН ГРУБИ СИ ОТИДЕ ДОМА Судот му определи куќен притвор,

24/02/2026
Македонија

ЌЕ ДУВА ВЕТЕР СЕКОЈ ДЕН ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА Следува

23/02/2026
Македонија

ВИДЕО 83-годишна кумановка преживеала напад од осомничениот сериски убиец: „Додека

23/02/2026
Македонија

ЗОШТО ВРХУШКАТА НА СДСМ СЕ РАСПРАШУВАШЕ ШТО КАЖАЛ ГРУБИ ВО

23/02/2026
Македонија

ЈСП воведува онлајн надополнување на картичките за превоз

23/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41838
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВО СДСМ СЕ НЕРВОЗНИ ЗАТОА ШТО ГРУБИ МОЖЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ НИВ Тој е симбол

24/02/2026

Добро е што конечно правдата ќе биде задоволена со тоа што Артан Груби е приведен утрово на граничниот премин, тука

НИЕДНА ЗЕМЈА НЕМА БЕСКОНЕЧНО ДА ЧУВА БЕГАЛЕЦ КОЈ Е НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД Груби

24/02/2026

Во Собранието на Македонија немало никаква информација за предавањето на осомничениот бегалец Артан Груби од ДУИ, поранешен вицепремиер, осомничен за

АРТАН ГРУБИ ЌЕ ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР Според Обвинителството, ќе бил небезбеден во затворот во

24/02/2026

Поранешниот вицепремиер Артан Груби доби мерка куќен притвор, откако одбраната побара ваква мерка, а Обвинителството се согласи со предлогот. Според

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy