
Формиран кризен штаб во МНР – се следи состојбата на Блискиот Исток
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последниот развој на безбедносната состојба на Блискиот Исток, во рамки на институцијата е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа дневно.
Кризниот штаб има за цел навремено координирање на активностите поврзани со помош, поддршка и асистенција на македонските државјани во регионот.
Од Министерството упатуваат апел до сите македонски државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја внимателно да ги следат официјалните известувања на надлежните институции и строго да постапуваат согласно безбедносните протоколи. Воедно, се препорачува одложување на сите ненeопходни патувања кон земјите од овој регион сè до подобрување на безбедносната состојба.
МНР соопшти дека со сите свои капацитети и преку дипломатско-конзуларните претставништва останува целосно на располагање на македонските државјани и ќе продолжи навремено да ја информира јавноста за сите релевантни информации и понатамошни насоки.
Во случај на потреба од помош или дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на следните контакти:
Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736
Е-пошта: globalsos@mfa.gov.mk
