Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Фондот за здравство: Кузмановски има активен факсимил и лиценца за работа, Комората сè уште без одговор за електронско поврзување
Македонија

Фондот за здравство: Кузмановски има активен факсимил и лиценца за работа, Комората сè уште без одговор за електронско поврзување

14/10/2025

AA

Според електронската евиденција на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (ФЗОРСМ), доктор Игор Кузмановски во здравствениот регистар е евидентиран како специјалист по неврологија со факсимил број 712680. Истиот е активен во рамки на договорот за обезбедување и плаќање здравствени услуги во специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита, склучен помеѓу ФЗОРСМ и ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија – Скопје.

Факсимилот со број 712680, согласно евиденцијата на Фондот, е активен од 1 април 2010 година, со еден прекин во април 2018 година поради користење неплатено отсуство. Одобрението за издавање на овој факсимил е дадено врз основа на официјално доставен список на лекари вработени во здравствената установа, потврден и заверен од страна на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија – Скопје. Истиот е доставен согласно активниот договор од 2020 година со важност до 2028 година. Воедно, согласно член 3 од договорот склучен помеѓу ФЗОРСМ и ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија „обврска на здравствената установа е да обезбеди стручен кадар кој ги исполнува условите утврдени со актите на Министерството за здравство, меѓу кои и условот лекарите да поседуваат важечка лиценца за работа“.

Според актуелната постапка за издавање одобрение за факсимил, која се применува при склучување договори со јавни и приватни здравствени установи, неопходно е да се доставуви барање од самата установа, придружено со важечка лиценца за работа издадена од соодветната комора и заверена на нотар. Со оваа процедура, Фондот го утврдува правото на издавање факсимил во согласност со законските прописи и достапната документација.

Фондот на 15.11.2024 година се обрати до Комората за електронско поврзување за преземање на сите активни лиценци, со цел превенција од незаконско работење и фалсификување на лиценци. До ден денешен, Лекарската комора не одговори на барањето.

ФЗОРСМ останува доследен во примената на законските прописи, во секое време подготвен за соработка и транспарентна комуникација со медиумите и јавноста.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44768
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора да сопре!

30/07/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026

По повод претстојните илинденски празнувања, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

30/07/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на својот Извршен комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева, оценувајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy