Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Фондот со одлука: Заради скапи материјали скратени операциите за кардиоваскуларните пациенти на приватните клиники
Македонија

Фондот со одлука: Заради скапи материјали скратени операциите за кардиоваскуларните пациенти на приватните клиники

30/12/2023

AA

На последниот работен ден од годинава, Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија донесе одлука за кратење на средствата за покривање на операции на кардиоваскуларните заболување за приватните болници, пишува МКД.мк

Во образложението на оваа одлука пишува дека кардиоваскуларните заболувања се најчестите заболувања во Македонија, а за нивен третман се трошат огромни средства. Од Фондот велат дека голем дел од овие операции можат да се изведуваат во државната Клиника за кардиохирургија, па најголемиот дел од парите за кои ФЗО ги покрива трошоците ќе одат на сметката на јавната здравствена установа Универзитетската клиника за државна кардиохирургија и кардиологија. Намален е бројот на покриени операции за приватните здравствени уставнови, клиничките болници Систина – Аџибадем и Жан Митрев.

Во одлуката пишува дека за овие операции се користат скапи материјали за вградување (стентови, валвули…), како и скап потрошен материјал за извршување на интервенциите (катетери, водичи на жици…). Па затоа неопходно било да се дефинира максималниот број на овие процедури и здравствени установи каде што ќе може да се изведуваат процедурите.

Па така не пример за 66 операции за трансаортална имплатанција или репласман на валвула, во државната кардиологија во 2024 година ќе бидат покриени 50 операции, а во клиниките Жан Митрев и Систина Аџибадем  по 8.

Таков е односот на бројките и за другите видови на операции.

Во одговорот на прашањето на МКД.мк за причините за ваквата одлука, Ирфан Лимани, директорот за комуникации во ФЗО само се повика на некои правилници.

„Утврдувањето на годишните надоместоци на приватните здравствени установи од болничка здравствена заштита се врши според одредбите на Правилникот за критериуми за склучување на договори и плаќање на извршени здравствени услуги на ПЗУ во болничка здравствена заштита, конкретно според член 1 точка 1 од истиот , објавен во службен весник на РС Македонија бр. 206 објавен на 3 октомври годинава“.

Без додатни објаснувања и образложение.

Извор: МКД.мк

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
Македонија

Извлечено безживотно телото на човекот кој скокна во Преспанското езеро

12/08/2026
Македонија

35 години независност: Најобразовани, најповрзани, а најмалку убедени дека имаат

12/08/2026
Македонија

Нула присуство на штетни бактерии – објавени извештаите од тестирањето

12/08/2026
Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со

12/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е

12/08/2026
Македонија

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44983
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет – родителите: Повеќе од една деценија

12/08/2026

На судењето за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, градежното вештачење повторно го отвори прашањето за тоа како објект наменет за

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати 550 евра за фрлање мачиња

12/08/2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја изрече првата глоба за напуштање новородени животни во земјава. Сторителот од Скопје е

Извлечено безживотно телото на човекот кој скокна во Преспанското езеро да ги бара веслата

12/08/2026

Трагичен епилог доби потрагата по 71-годишниот М.М. од Скопје, кој на 8 август исчезна во водите на Преспанското Езеро кај

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy