Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Фондација Новак Ѓоковиќ“ за прв пат во Скопје организира панел дискусија како дел од програмата „На патот на Шампионот“
Македонија

„Фондација Новак Ѓоковиќ“ за прв пат во Скопје организира панел дискусија како дел од програмата „На патот на Шампионот“

08/02/2024

AA

Програмата на „Фондација Новак Ѓоковиќ“, „На патот на Шампионот“ се проширува низ регионот. По седум исклучително интересни и посетени настани ширум Србија и презентациите во рамки на Експо 2020 во Дубаи и Загреб во ноември минатата година, третото меѓународно издание ќе биде јавната панел-дискусија со работен наслов „Чиста мотивација“ која ќе се одржи на 11. февруари од 17 часот, во хотел „Holiday Inn“ во Скопје. Преку едукација и поддршка, оваа програма е посветена на помагање на родителите и тренерите на идните спортисти, а со цел нивно зајакнување во оваа особено сериозна улога.

Со поддршката на Даријан Трајанов, на панел дискусијата ќе се претстават еминентни учесници –најдобриот македонски и светски афирмиран ракометар и актуелен селектор на Ракометната репрезентација на Северна Македонија, Кирил Лазаров, познатиот и истакнат  кардиохирург и алпинист Проф. д-р Сашко Кедев и олимписката репрезентативка во карате и основач на спортска школа за деца, Пулексенија Јовановска. Домаќин и модератор на панел дискусијата ќе биде авторката на програмата „На патот на шампионот“ и поранешната „Фед Куп“ репрезентативка на Србија во тенис, Ана Јовановиќ која ќе ја води размената на стручните искуства, знаења и информации на панелистите – придружено со конструктивни прашања и интеракција со присутните гости.

На досега реализираните панел дискусиите и со издавање на „Прирачник за родители на млади спортисти“ од авторката д-р Љубица Бачанац, во текот на изминатите 3 години учествуваа голем број регионални и светски имиња и легенди од областа на спортот, спортската и клиничката психологија и медицина: Жељко Обрадовиќ, Светислав Пешиќ, Дејан Савиќ, Александар Шоштар, Владимир Радмановиќ, Соња Васиќ, Виктор Троицки, Андреа Лекиќ, Љубомир Павловиќ, д-р Ранко Рајовиќ, д-р Александар Мисојчиќ, како и основачите на Фондацијата, Новак и Јелена Ѓоковиќ.

“Ни претставува чест што за прв пат организираме панел-дискусија во рамки на програмата „На патот на Шампионот” во гордата, спортска нација како што е македонската, блиска по срце на сите во „Фондација Новак Ѓоковиќ“. Во четвртата година од реализацијата на активностите во рамки на програмата, која низ девет инспиративни панел-дискусии беше домаќин на еминентни експерти од светот на спортот, среќни сме што во Скопје ќе имаме можност да разговараме за мотивацијата со извонредни соговорници. Се надевам дека се што правиме преку оваа програма ќе биде силна основа за конкретен придонес кон подобрата иднина на спортот во нашиот регион и неговото значење во здравото растење на децата.“ – изјави Ана Јовановиќ, авторот на програмата „На патот на Шампионот“.

„Фондација Новак Ѓоковиќ“  е основана во 2007 година како организација која вложува во предучилишното образование во Србија. Работата на Фондацијата се темели на верувањето дека предучилишното образование може да го промени животот на децата и целата заедница. Оваа цел е постигнува преку креирање на најквалитетни програми во кои 2.237 воспитувачи и наставници имале можност за усовршување. Преку програмите за поддршка, „Фондација Новак Ѓоковиќ“ до сега изградила, реконструирала или опремила 58 градинки и помогнала на повеќе од 8.670 родители и влијаела на развојот на преку 54.000 деца ширум Србија. Во рамки на 15-годишната работа, преку реализација на проектите, Фондацијата континуирано се развивала и унапредувала. Исто така, Фондацијата се залага за носење на светски истакнати експерти од областа на родителството и раниот развој, во Србија и земјите од регионот. По посетата на д-р Шефали во 2022 година, минатата година Фондацијата во Србија и во регионот го донесе и д-р Габор Мате.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧИНА ВАСКО ЈОЛЕСКИ, КОЈ НАД 6 ГОДИНИ ЖИВЕЕШЕ СО МЕХАНИЧКА

18/10/2026
Politics

Брвеница: Разликата меѓу македонските и албанските гласови е само 3

18/10/2026
Македонија

БЕЗ ПРОБЛЕМИ ПОМИНАА ВОНРЕДНИТЕ ИЗБОРИ ВО БРВЕНИЦА Полицијата информира за

18/10/2026
Македонија

СДСМ Е ДЕКЛАСИРАН ОД ГРАЃАНИТЕ, ПОДДРШКАТА ЗА ВМРО-ДПМНЕ И ЗА

18/10/2026
Македонија

НАЈМНОГУ ГЛАСОВИ ВО БРВЕНИЦА ОСВОИ РАДИЧЕВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ Маричиќ ги

18/10/2026
Македонија

ПРЕД НАС СЕ ПРИЈАТНИ ЕСЕНСКИ ДЕНОВИ Сончево време, со мала

18/10/2026
Македонија

Официјални резултати на ДИК: Колкава е разликата меѓу кандидатите во

18/10/2026
Македонија

ЌЕ ИМА ВТОР КРУГ НА ИЗБОРИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО БРВЕНИЦА

18/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46244
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧИНА ВАСКО ЈОЛЕСКИ, КОЈ НАД 6 ГОДИНИ ЖИВЕЕШЕ СО МЕХАНИЧКА ПУМПА НАМЕСТО СРЦЕ Претседателот на

18/10/2026

Почина Васко Јолески од Струга, претседател на Националното здружение „Храбро срце“, кој повеќе од 6 години живееше со механичка пумпа

Брвеница: Разликата меѓу македонските и албанските гласови е само 3 гласа – кој би победил?

18/10/2026

БРВЕНИЦА – Резултатите од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница отвораат интересно прашање: како би изгледал резултатот доколку гласовите

БЕЗ ПРОБЛЕМИ ПОМИНАА ВОНРЕДНИТЕ ИЗБОРИ ВО БРВЕНИЦА Полицијата информира за гласање во најдобар ред

18/10/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница денеска заврши во најдобар ред, без нарушување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy