
„Фолксваген“ го продаде имот во Русија: Германскиот производител официјално се повлече
„Фолксваген“ доби одобрение од властите во Москва да го продаде својот имот во Русија за 125 милиони евра на руската компанија „Авилон“.
Завршена е продажбата на акциите во руската „Фолксваген груп“, вклучително и фирми-ќерки, се вели во соопштението.
Продадена е и фабриката за автомобили во градот Калуга.
Германскиот производител на автомобили е активен во Русија долго време и отвори фабрика во Калуга во 2007 година.
Фото: EPA

