Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФОЛКСВАГЕН ДЕМАНТИРА: Ништо не е конечно – производсвото во Русија прекинато
Економија

ФОЛКСВАГЕН ДЕМАНТИРА: Ништо не е конечно – производсвото во Русија прекинато

02/03/2023

AA

По првите информации дека Фолксваген ја продал компанијата во Калуга, производителот и руското Министерство за економија излегоа со демант. Оттаму велат дека не е донесена конечна одлука за продажба на компанијата на групацијата Авилон, како што претходно објавија руските медиуми, пренесува Индекс.

Најголемата германска автомобилска компанија Фолксваген преговара за продажба на фабриката во Калуга, Русија, соопштено е денеска, што доаѓа една година откако компанијата го прекина производството и извозот во Русија поради руската агресија врз Украина.

„Една од можностите, кога станува збор за иднината на Фолксваген во Русија, е продажба на средствата на Volkswagen Group Rus, а со тоа и фабриката во Калуга, на трета страна“, рече портпаролот на Фолксваген. Тој додаде дека моментално има преговори за продажба, но дека се уште не се финализирани.

Пред тоа рускиот медиум РБК објави дека рускиот дилер на автомобили Авилон најавил купување на фабриката на Фолксваген во Калуга. Според истите извори, наскоро треба да се потпишат и купопродажните договори.

Фолксваген ги затвори двете фабрики во Русија

По почетокот на рускиот напад врз Украина, во март 2022 година, Фолксваген ги затвори двете свои фабрики во Русија. Во исто време беше стопиран и извозот на возила во Русија.

Во мај, Фолксваген се повлече од фабриката во Нижни Новгород, каде што германската компанија склопуваше возила во соработка со руската компанија ГАЗ, чиј косопственик Олег Дерипаска е на списокот со санкции поради врски со војната.

И други германски производители на автомобили, како што се BMW или Mercedes Benz, исто така се повлекоа од рускиот пазар откако Москва започна инвазија на Украина пред една година.

Фото: EPA-EFE/Filip Singer

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси

16/08/2026
Македонија

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45038
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси куќите од пожарот кој ноќеска

16/08/2026

Драматична ноќ во Зелениково, каде пожар околу два часот по полноќ се приближил до последните куќи на ридот над населеното

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026

Пензионерите во Македонија во септември ги очекува ново зголемување на пензиите, кое овојпат треба да биде процентуално и да зависи

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy