Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Флик вовел нови методи, на Јамал не му одговараат
Спорт

Флик вовел нови методи, на Јамал не му одговараат

03/09/2024

AA

Барселона добро ја почна новата сезона и по четири кола има максимален ефект од 12 бода, но и таму атмосферата не е перфектна и покрај одличните резултати.

Новиот тренер Ханси Флик е познат по својот спартански стил на работа и вовел нови методи кои не беа карактеристични за Чави. Пред се, фудбалерите сега имаат два тренинга на ден, освен пред натпреварите кога екипата има само еден и тоа полесен.

Кога се два тренинга, едниот се одржува изутрина што порано не било практика во Барселона. Затоа голем дел од фудбалерите доцнат, а тоа најмногу му се случува на Ламин Јамал кој има проблеми со раното станување. Поради тоа, на последниот тренинг пред мечот со Ваљадолид дошло до конфликт меѓу него и Флик поради што германскиот стручњак се изнервирал и бурно реагирал, а притоа му изрекол усна опомена на 17-годишниот фудбалер.

Голем дел од играчите на Барселона во моментов се со своите репрезентации, но по враќањето ќе мораат да се придржуваат на мерките на Флик ако сакаат да ја одржат добрата форма и резултатите од почетокот на сезоната.
 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Врховен ја укина пресудата, Стевче Јакимовски излегува од затвор

10/09/2026
Македонија

Пет активни пожари низ Македонија

10/09/2026
Македонија

Помошник директор во Царина затекнат при примање обележани 17.500 евра

10/09/2026
Македонија

Бугарија запре 9,5 тони пиперки од Македонија – пронајдени зголемени

10/09/2026
Македонија

Вардар казнет со 3.000 евра и еден меч без публика

10/09/2026
Македонија

12 возачи приведени за безобѕирно управување, 11 немале положено возачки

10/09/2026
Македонија

Андреј Цековски го освои Њујорк: Златен медал и пехар за

10/09/2026
Македонија

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има дожд, грмежи и

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45617
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Врховен ја укина пресудата, Стевче Јакимовски излегува од затвор

10/09/2026

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја укина правосилната пресуда против Стевчо Јакимовски од Скопје и предметот го врати на

Пет активни пожари низ Македонија

10/09/2026

Центар за управување со кризи: Информација за пожари на отворен простор до 18:00 часот На ден 10.09.2026 година, до 18:00

Помошник директор во Царина затекнат при примање обележани 17.500 евра

10/09/2026

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во рамки на преземените мерки и активности лишено од слобода е лице вработено

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy