Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Финската премиерка Сана Марин се разведува
Македонија

Финската премиерка Сана Марин се разведува

11/05/2023

AA

Премиерката во заминување на Финска, 37-годишната Сана Марин, се разведува по три години брак.

„Благодарни сме за 19 години заедно и нашата сакана ќерка. Ќе останеме најдобри пријатели“, објави Сана на својот Инстаграм профил. Истата порака ја објави и нејзиниот наскоро поранешен сопруг Маркус Раиконен.

Марин и Раиконен имаат заедно петгодишна ќерка. Тие се венчаа во 2020 година додека Марин се соочуваше со пандемијата како премиер. „Ја живеевме младоста заедно, заедно влеговме во зрелоста и заедно пораснавме да бидеме родители на нашата скапоцена ќерка“, напиша таа на Инстаграм по нивната венчавка во август 2020 година.

Марин и нејзината Социјалдемократска партија загубија на парламентарните избори во Финска минатиот месец. После тоа таа најави дека ќе ја напушти челната позиција во партијата. Кога ја презеде функцијата во 2019 година, таа стана најмладата премиерка во светот.

Скандал за забава

Минатата година таа беше во центарот на скандал поради видеото на кое се забавува во друштво, на кое се гледаа чаши алкохол. Финската опозиција и некои пратеници побараа од неа да направи тест за дрога, што таа и го направи, а тестот беше негативен.

Скандалот продолжи кога се појави ново видео на кое финскиот премиер танцува со пејачот Олави Уусивирт.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре

16/02/2026
Македонија

САМО ПЛАНОТ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА

16/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
Македонија

ССМ утре ќе ја блокира Владата: Трендафилов најавува генерален штрајк 

16/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ДОВЕРЛИВ ПАРТНЕР НА НАТО Продолжуваме со зајакнување на

16/02/2026
Македонија

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор Илиоски од Прилеп

16/02/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ЌЕ ОДРЖИ ОСМОМАРТОВСКА СЕДНИЦА Гаши им порача на пратениците

16/02/2026
Македонија

Пожар во куќа во Македонска Каменица: Спасен 80-годишен маж

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41538
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Утре во Хаг започнува дводневен самит на НАТО, се очекува зголемување на буџетот за одбрана

23/06/2025

Лидерите на НАТО ќе се соберат утре на дводневен самит во Хаг, каде што се очекува да се донесе одлука

Песков: Русија е подготвена да му помогне на Иран на многу начини, сè зависи од

23/06/2025

Русија е подготвена да му помогне на Иран на различни начини поради ескалацијата на Блискиот Исток, а тоа во голема

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy