Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Финансиска поддршка и дополнителни мерки за најзагрозените категории граѓани – Донесена програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година
Економија

Финансиска поддршка и дополнителни мерки за најзагрозените категории граѓани – Донесена програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година

17/02/2025

AA

Министерството за
енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е усвоена Програмата
за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, со која се
обезбедува директна финансиска поддршка и дополнителни мерки за најзагрозените
категории граѓани. Програмата, која ќе биде спроведувана од Министерството за
енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Министерството за
социјална политика, демографија и млади и Регулаторната комисија за енергетика,
предвидува комплексни мерки за олеснување на трошоците за енергија и подобрување
на квалитетот на живот.

Програмата утврдува кои
категории на граѓани спаѓаат во групата на ранливи потрошувачи и ги дефинира
мерките за нивна заштита. Финансиската поддршка е насочена кон домаќинства кои
користат гарантирана минимална помош, семејства со деца со попреченост, како и
згрижувачи на лица во социјален ризик. Секое од овие домаќинства, доколку ги
исполнува критериумите, ќе може да добие субвенции за намалување на месечните
трошоци за електрична енергија во износ од 1.000 денари месечно.

Ослободувањето од дел од
сметката за струја ќе се применува во текот на 12 месеци, а за оваа поддршка
граѓаните ќе може да аплицираат со поднесување барање до Министерството.
Јавниот оглас за пријавување ќе биде објавен наскоро на официјалната веб-страница
на Министерството www.energy.gov.mk, како и во два дневни весника.

Програмата е донесена на
предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, а
вкупниот буџет за нејзино спроведување изнесува 60 милиони денари.Со оваа Програма се
предвидуваат следните мерки:

·  Директна
финансиска поддршка за ранливи потрошувачи на енергија
, која ја спроведува
Министерството за социјална политика. Околу 40.000 домаќинства ќе
добиваат паричен додаток за покривање на дел од трошоците за енергенси во
периодот од октомври до март. Дополнително, корисниците имаат право на забрана
за исклучување
од мрежата во месеците декември, јануари и февруари, право
на одложување/реструктуирање
на неплатени долгови. Приоритет при
поправки
на мрежата и ослободување од трошоци за повторно приклучување.

·  Намалување
на сметките за струја
за 1.000 ден./ месечно (12 месеци) за:

  • Домаќинства со деца со попреченост, ако
    вкупниот месечен нето доход на домаќинството во 2024 година не го
    надминува следниот износ:
    • 42.000 денари за домаќинство со два
      члена
    • 60.000 денари за домаќинство со три
      члена
    • 80.000 денари за домаќинство со четири
      или повеќе члена
  • Згрижувачки семејства – За нив, горната
    граница на месечен нето доход е зголемена од 80.000 до 160.000 денари,
    во зависност од бројот на згрижените деца, при што посебниот додаток за
    згрижување не се пресметува во оваа сума.

Програмата предвидува и
важни рокови и обврзувања, односно поддршката ќе престане доколку корисникот не
плати две последователни сметки
, сите корисници се должни да ги плаќаат
преостанатите износи
на сметките навреме.

Министерството останува
посветено на креирање политики кои обезбедуваат заштита за најранливите
категории граѓани и подобрување на нивниот пристап до енергетските ресурси.
Обезбедувањето пристап до енергија по прифатливи услови останува приоритет. 

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy