Филмска измама: Се јавил во банка и се претставил како директор и добил 180.000 евра
Непознат маж се претставил во банка од германски Швандорф како директор на фирма во тој град и преку оваа измама прибавил 180.000 евра кои му биле префрлени на сметките во странство.
Како што пишуваат германските медиуми, човекот го договорил трансферот на пари на 2 февруари, но сметководителот на оштетената компанија го спречил да добие уште повеќе пари. Штом ги видел задолжувањата од сметките пријавил се, а потоа телефонот го презела полицијата, пренесува Феникс магазин.
Банката соопшти дека најголемиот дел од префрлената сума може да му се врати на сопственикот. Така фирмата ќе ги добие парите на краток рок, па не е причинета штета.
Сето ова измамникот можел да го направи бидејќи ги знаел информациите кои „може да ги знае само сопственикот на сметката“, се вели во официјалното објаснување од банката. Затоа, ова не е доволна заштита, па ќе се зајакне во вакви ситуации на договор преку телефон на тој начин што во иднина клиентите ќе имаат мобилен телефон и соодветна шифра за пристап за апликацијата.