Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче со предлог: Ако има ново вето од Бугарија веднаш да ги прекинеме преговорите, време е за резолуција со црвени линии
Македонија

Филипче со предлог: Ако има ново вето од Бугарија веднаш да ги прекинеме преговорите, време е за резолуција со црвени линии

29/08/2025

AA

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Сител истакна дека Владата води неискрена политика во однос на европските интеграции и свесно го пролонгира процесот без визија и без храброст.

„Сметам дека повикот за консензус на таа тема не е искрен целосно од страна на власта. Сметам дека нема никаква намера да се направи чекор напред кон евроинтеграциите.“

Филипче потсети дека францускиот предлог беше прифатен во отсуство на подобра опција, со јасна перцепција дека тоа е единствениот реален пат.

„Тоа што ние сме го прифатиле францускиот предлог е затоа што таков предлог дојде спремен од Европската Унија и ни беше јасно дека друга шанса нема да имаме“ – рече Филипче.

Тој потсети дека и самата ВМРО-ДПМНЕ, и во критиките, и во ветувањата, знае дека „друга опција нема“, а токму на тоа, како што рече, ја добија и довербата лани. Филипче истакна дека СДСМ дава бланко поддршка ако издејствуваат подобри услови. Но откако тие услови не доаѓаат, Филипче предупреди дека не смее државата бесцелно да чека. Наместо тоа, СДСМ предлага конкретен механизам за заштита на државните интереси:

„Ајде тогаш да донесеме заедничка резолуција наша во Собранието, во која ќе ги кажеме нашите црвени линии. Еве ако тоа се случи ново вето, да ги прекинеме преговорите со ЕУ.“ – предлага Филипче.

Филипче предупреди дека Македонија губи време и можности. Младите гледаат застој и тоа директно влијае на нивната одлука да ја напуштат државата.

„За прв пат во анкетите се појавува прашањето на иселувањето на младите како едно од најважните проблеми, веднаш после правосудството, корупцијата и евроинтеграциите.“

Иако ВМРО-ДПМНЕ тврди дека прашањето на ЕУ не е приоритет, истражувањата покажуваат спротивно:

„Огромна поддршка има и кај Македонците, и кај Албанците. Не смееме тоа да го занемариме. Сметам дека се губи време. Сите се свесни дека ние подобар предлог нема да добиеме и ја охрабрувам Владата да каже до кога ќе се обидува“ – заклучи Филипче.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy