Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче: Граѓаните веќе немаат трпение – на младите не им се живее во Македонија!
Македонија

Филипче: Граѓаните веќе немаат трпение – на младите не им се живее во Македонија!

25/02/2026

AA

Граѓаните се презаситени и веќе немаат трпение, на младите веќе не им се живее во државата, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во „Тема на денот“, на телевизија Сител. Филипче посочи дека власта не презема не презема суштински реформи во правосудниот систем.

„Нема очигледно желба да се реформира правосудниот систем. Само еден од 12-те реформски закони кои што требаше лани да се донесат, се донесе. И тоа се направи трик и тој не се донесе согласно препораките на Оценската мисија, и тој закон кој што е во рамки на реформската агенда, се донесе така да служи на власта“, рече Филипче.

Во интервјуто, Филипче порача дека излезот е јасен – вистинско реформирање на системот и силна борба против корупцијата.

„Тоа што ни е суштински потребно, тоа што ќе врати ја довербата во државата, во институциите, тоа што ќе ја врати довербата на младите,е само вистински реформирано правосудство и за почеток канцеларија на Европското обвинителство, на обвинителката Лаура Ковеши, која што ќе има одврзани раце, како што ги има во сите други земји, и во овие последни кои што се приклучија кон Европското обвинителство, да се расчисти со корупција и криминалот“, рече Филипче.

Тој посочи дека власта свесно ја држи државата изолирана со закочен евроинтеграциски процес,  а поради погрешните владини политики страда државата и граѓаните. 

„Треба храбри чекори. Доста ние само стоиме во место и премиерот и цело раководство на ВМРО ДПМНЕ, цела влада лаже дека нешто е загрозено. Дека они се борат за некакви национални интереси. Ништо не е загрозено. Страда државата, страдаат граѓаните, страдаат младите. Ние сме сега граѓани од втор или трет ред. Ние немаме пристап до единствениот пазар во Европа, немаме слободно движење низ Европа. Не ставаат на страна, отисоци, печати, пасоши и итн. Ние сме сега таму кај што не сакаме да бидеме. Владата има механизам, има начин, има понуда на масата, која што никако не е ризична. Треба да го направи чекорот“, рече Филипче.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДО 13.000 ДЕНАРИ ПОМАЛКУ ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ Експресно изгласан пакетот закони

25/02/2026
Македонија

СОНЧЕВО И СТАБИЛНО ДО КРАЈОТ НА СЕДМИЦАТА Температурите ќе достигнат

25/02/2026
Македонија

И ВТОРАТА ЖЕНА ВО СЛУЧАЈОТ СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПОЧИНАЛА ОД НАСИЛНА

25/02/2026
Македонија

Филипче: Граѓаните веќе немаат трпение – на младите не им

25/02/2026
Македонија

УСТАВЕН ГИ „ЗАКЛУЧИ“ ЗГОЛЕМУВАЊАТА НА ПЕНЗИИТЕ ЗА НЕРЕЗИДЕНТИ Пензионерите во

25/02/2026
Македонија

Дел од Кисела Вода без вода вечерва!

25/02/2026
Македонија

ВИДЕО Работник со багер срушил гробни места на гробиштата во

25/02/2026
Македонија

КОНЕЧНА ПРЕСУДА: ИРЛ И САШКА ЦВЕТКОВСКА ГО НАКЛЕВЕТИЛЕ КОЧО АНЃУШЕВ

25/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41949
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДО 13.000 ДЕНАРИ ПОМАЛКУ ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ Експресно изгласан пакетот закони за намалени плати

25/02/2026

Собранието вечерва во рамки на 89. седница без расправа го донесе пакетот закони со кои се нивелираат платите на избраните

СОНЧЕВО И СТАБИЛНО ДО КРАЈОТ НА СЕДМИЦАТА Температурите ќе достигнат 16 степени

25/02/2026

Времето во четврток, 26 февруари, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а

И ВТОРАТА ЖЕНА ВО СЛУЧАЈОТ СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПОЧИНАЛА ОД НАСИЛНА СМРТ Обдукцијата го потврди сомнежот

25/02/2026

Завршена е обдукцијата и на втората жена за која обвинителството минатата недела нареди ексхумација и обдукција, по убиството во Старо

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy