Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче бара посебна Анкетна комисија за трагедијата во Кочани: „Тоа е барање на родителите“
Македонија

Филипче бара посебна Анкетна комисија за трагедијата во Кочани: „Тоа е барање на родителите“

03/12/2025

AA

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, изјави дека неговата партија ќе ги поддржи иницијативите за формирање две анкетни комисии во Собранието, вклучително и посебна комисија која ќе се фокусира исклучиво на трагедијата во Кочани.

Филипче потенцира дека постои морална и општествена обврска да се оформи одделна Анкетна комисија која ќе ја истражи оваа несреќа, нагласувајќи дека таквото барање доаѓа директно од родителите на загинатите и повредените деца.

„Нашиот став е дека ќе ги поддржиме двете анкетни комисии. Едната предложена од владеачкото мнозинство, која се однесува на сите трагедии во минатото, но сметам дека имаме обврска да организираме и посебна Анкетна комисија само за трагедијата во Кочани“, изјави Филипче.

Тој упати апел до сите пратеници да го поддржат формирањето на оваа комисија, посочувајќи дека гласот на семејствата мора да биде слушнат во Собранието.

„Мора да имаме одговорност пред општеството и државата. Тоа е пред сè на барање на родителите. Апелирам сите пратеници да го поддржат формирањето на комисија само за трагедијата во Кочани“, нагласи Филипче.

Во однос на иницијативата на владејачката коалиција за поширока Анкетна комисија, Филипче истакна дека и таа ќе биде поддржана од СДСМ, додавајќи дека експертите треба да ги земат предвид сите правни аспекти, вклучително и тоа дали во одредени случаи се водат или завршиле судски процеси.

„Имаме морална обврска пред сите кои го бараат ова од нас. Очекувам од сите пратеници да ја поддржат Анкетната комисија за несреќата во Кочани, како што и ние ќе ја поддржиме другата комисија предложена од владејачкото мнозинство“, додаде Филипче.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ново поскапување на горивата од полноќ – ова се цените

24/08/2026
Македонија

Над 27,5 тони млеко уништени поради зголемено присуство на афлатоксин

24/08/2026
Македонија

Почнува пријавувањето за субвенциониран студентски оброк: Студентите ќе добиваат по

24/08/2026
Македонија

Николоски: Владата работи на билатерални договори за да им помогне

24/08/2026
Македонија

УХМР предупредува: Попладне локално невреме со пороен дожд, грмежи и

24/08/2026
Македонија

Собранието демантира: Не плаќаме приватно здравствено осигурување за пратениците

24/08/2026
Македонија

231 материјален доказ против Груби и останатите обвинети, судењето продолжува

24/08/2026
Македонија

42-годишен мопедист загина на патот Меџитлија – Старавина

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45207
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ново поскапување на горивата од полноќ – ова се цените

24/08/2026

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука

Над 27,5 тони млеко уништени поради зголемено присуство на афлатоксин

24/08/2026

Над 27,5 тони УХТ млеко од Косово биле спречени да влезат на македонскиот пазар откако при лабораториски испитувања било утврдено

Почнува пријавувањето за субвенциониран студентски оброк: Студентите ќе добиваат по 140 денари дневно

24/08/2026

Студентите кои ги исполнуваат условите од годинава ќе можат да аплицираат за субвенциониран студентски оброк, а Министерството за образование и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy