Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија: Економијата на стабилна патека
Македонија

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија: Економијата на стабилна патека

09/04/2026

AA

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди рејтингот на РС Македонија на „BB+“ со стабилен изглед, што претставува директно признание за успешноста на економските политики, соопштија од Министерството за финансии.

Според извештајот, клучни столбови на оваа стабилност се конзистентните макроекономски мерки, долгогодишниот фиксен девизен курс и одличните показатели за управување во споредба со сличните земји.

Податоците покажуваат дека македонската економија е во фаза на забрзување. Во 2025 година е забележан раст од 3,5%, придвижен од силната домашна побарувачка и инвестициите кои скокнаа за високи 8%. Прогнозите на „Фич“ се оптимистични: се очекува стабилен раст од 3% во 2026 година и дополнително засилување до 3,4% во 2027 година.

Фискалната политика останува одговорна, со фокус на намалување на дефицитот.

Сигнал за инвеститорите Иако постојат надворешни ризици, особено кај енергенсите, „Фич“ оценува дека тие нема долгорочно да ја загрозат економијата. Процесот на пристапување кон ЕУ останува главниот мотор за реформите на среден рок. Оваа потврда на рејтингот е силен сигнал за доверба до меѓународните финансиски пазари и странските инвеститори дека Македонија е сигурна и предвидлива дестинација за капитал.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИНСКИ ФЕСТИВАЛ БИТОЛА Три дена музика и магија пред Офицерскиот

09/04/2026
Македонија

Родителите на загинатите во „Пулс“ на средба во Судска медицина:

09/04/2026
Македонија

СИТЕ АНАЛИЗИ ОД ОБУДКЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ Родителите на жртви

09/04/2026
Македонија

Нови правила за донорство: Граѓаните сами кај матичниот ќе одлучуваат

09/04/2026
Македонија

ЗАОКРУЖЕН Е ПРВИОТ ЦИКЛУС НА ЗЕЛЕНИОТ КОНКУРС НА dm Раззеленети

09/04/2026
Македонија

Сведоштва за ужасот во „Пулс“: секунди до спас, хаос и

09/04/2026
Македонија

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија: Економијата на стабилна

09/04/2026
Македонија

Сопруг на наставничка и се заканувал на директорката зошто жена

09/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42314
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИНСКИ ФЕСТИВАЛ БИТОЛА Три дена музика и магија пред Офицерскиот дом

09/04/2026

Од 7 до 9 мај 2026 година, платото пред Офицерски дом во Битола ќе биде домаќин на „Вински Фестивал Битола“

Родителите на загинатите во „Пулс“ на средба во Судска медицина: Вистината ќе се докажува во

09/04/2026

Дел од семејствата на жртвите од трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ денеска остварија средба со директорот на Институтот за

СИТЕ АНАЛИЗИ ОД ОБУДКЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ Родителите на жртви од Кочани се сретнаа со

09/04/2026

Дел од родителите на децата што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска имаа средба со директорот на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy