Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФФМ во завршна фаза од постапката за имплементација на ВАР системот во македонскиот фудбал
Македонија

ФФМ во завршна фаза од постапката за имплементација на ВАР системот во македонскиот фудбал

10/04/2025

AA

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веќе е во процес за имплементација на ВАР систем во македонскиот фудбал, со што ќе се направи значаен чекор во модернизацијата на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Во рамки на постапката, ФФМ веќе има добиено понуди од компании специјализирани за ВАР технологија и во моментот е во фаза на евалуација и избор на најсоодветниот понудувач.

Овој процес се спроведува во тесна координација со ФИФА и УЕФА, во согласност со сите меѓународни стандарди за имплементација и користење на ВАР системот.

“Ние сме убедени дека имплементацијата на ВАР системот ќе придонесе кон поголема транспарентност и квалитет во организирањето на натпреварите. Овој проект е важен чекор за нашата лига и со него не се обезбедува само поддршка на судиите, туку и создаваме услови за подобро функционирање и на клубовите, во насока на подобрување на постоечката инфраструктура на стадионите и барањата за поставување платформи за ТВ камери, согласно потребите за имплементација на ВАР”, вели Дејан Јакимовски – проектен лидер за имплементација на ВАР.

Во рамки на процесот, ФФМ проектниот тим одржува редовни работни сесии со ФИФА. Последниот се однесуваше на програмата за асистенција и одобрување на имплементацијата (IAAP) и споделување на најдобрите практики по однос на ВАР имплементации. Темите кои беа опфатени се однесуваа на технолошката инфраструктура и логистиката потребна за системот, обуката и развојот на судиите за работа со ВАР процесот на одобрување (лиценцирање) според глобалните стандарди на ФИФА.

Тоа значи дека веќе од следната натпреварувачка сезона, ВАР ќе биде дел од натпреварите во Првата МФЛ.

ФФМ останува посветена на унапредување на фудбалската инфраструктура и создавање услови за фер и еднаков третман на клубовите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44908
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026

При гаснење на пожар во струшкото село Долна Белица, огнот зафатил и сериозно оштетил противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со температури до 40°C

07/08/2026

Територијата на целата држава утре (8 август 2026 година) ќе биде зафатена од висок температурен бран. Времето ќе биде сончево

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко Костадинов се искачи на врвот

07/08/2026

Уште еден голем планинарски успех го одбележа градот Битола! Сограѓанот Дарко Костадинов успешно се искачи на моќниот врв Казбек, сместен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy