Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФЕР ЦЕНА ЗА ЛОЗАРИТЕ: Во Собрание нов предлог закон, еве што предлагаат пратениците за нивна заштита
Економија

ФЕР ЦЕНА ЗА ЛОЗАРИТЕ: Во Собрание нов предлог закон, еве што предлагаат пратениците за нивна заштита

15/06/2023

AA

Утврдување на
производна цена на винското грозје, рок до кога треба да се утврди цената, но и
методологија за пресметка на трошоците за производство на килограм винско
грозје, начинот на утврдување производна цена и гарантирана цена за откуп
. Ова
се дел од одредбите кои сакаат да ги постигнат дел од пратениците во Собрението,
кои изработиле Предлог на закон за измени и дополнувње на Законот за вино.

Како што се наведува
во него, основната цел е заштита на интересите на производителите на
винско грозје. Предлагачите, Панчо
Минов, Даниела Колева и Лолита Ристова бараат законот да се донесе по брза
постапка, со европско знаменце.

– 
Пресметката на трошоците за производство на
килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет согласно
дадена методологија ќе ја врши високо образовна или научна институција од
областа во земјоделството
– се
наведува во нивниот предлог.

Според нив, со законот
се уредуваат планирањето и утврдувањето на производната цена, управувањето со производствениот
потенцијал за производство на винско грозје, производството на вино, пазарот и
прометот со вино, исплатата на винското грозје и утврдување на производна цена
на винското грозје.

– 
Измените и дополнувањето на Законот за виното е
во насока на доуредување на постоечките законски решенија кои ја регулираат
оваа материја бидејки во спроведувањето на постоечкиот законот со откупот на
винско грозје има појава на ниски откупни цени, несоодветно и неправично
плаќање по шеќерни единици од страна на откупувачите, непринципиелно
искористување на можноста за плакање веднаш со тоа што му се намалува откупната
цена како и злоупотреба и искористување на одредени слабости во постоечкиот
закон
– се истакнува во предлогот.

Предлагачите
велат дека за заштита на интересите на производителите на винско грозје ќе се утврдува производната цена на
винско грозје по килограм, најдоцна до 15 јули во тековната година, за најмалку
две најзастапени сорти. За таа цел со новиот предог закон треба да се постигне
подобра цена за лозаропроизводителите, исплатата
да се врши по измерени шекерни единици, да
се утврди производна цена врз основа на методологија која е достојна за
лозаропроизводителите, пресметка на
трошоците за производство на килограм винско грозје од страна на овласен и
стручен институт како и определување на гарантирана откупна цена со тоа што ке
се овозможи правна сигурност на земјоделците со цел да можат да ги планираат
долгорочно инвестициите во земјоделството.

– 
Целта на Предлог законот за изменување и
дополнување на Законот за виното заради доуредување на постојните законски одредби
и воведување на нови законски решенија кои се однесуваат на цената, начинот на утврдување на цената, правично плакање по откупено винско грозје
и основање на институт за утврдување на гарантирана цена за винско грозје како
и воведување на нови поими и доуредување на одредни постапки. Предлог законот
се заснова на истите начела на кој се заснова Законот за виното – се истакнува во законското
решение.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42410
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè чекаат дождови и грмотевици

12/04/2026

Во текот на новата седмица односно во периодот од 13 до 19 април 2026 територијата на Македонија ќе биде под

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси се отворени, вели ВРЕДИ

12/04/2026

Младите се двигател на развојот, државата ги отвора вратите на пазарот на трудот, вели коалицијата ВРЕДИ  истакнувајќи дека со  Оперативниот

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен 35-годишник

12/04/2026

Маж од кратовско е лишен од слобода откако пукал со огнено оружје кон возило на лице од Куманово, при што

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy