Фенерџијата во АБА2 си запиша прва победа на сметка на ТФТ!
Клубот од скопско Тафталиџе парираше добро само во првите две четвртини или, попрецизно, еден и пол период. Водеше со највисоки 30-22 на средина од вториот, имаше и 35-30 по неполни седум минути игра во него, но тука престана со поентирање. Шенчур направи серија од 10-0 и со пресврт и водство 40-35 замина на пауза.
Како што минуваше времето ТФТ се повеќе го губеше ритамот, за да загуби целосно чекор во последниот квартал. Проблем за македонскиот претставник беше лошиот шут за два поена, кој падна под 50 отсто (12/25), а имаше и претерано подарени акции за противникот со 19-те загубени топки.
Александар Костоски ги предводеше стрелците со 18 поени, а двоцифрени беа и Батрик со 16 и Мекбраер со 13. Подобри од Костоски беа Емир Ахмедовиќ и Дино Муриќ од тимот на Шенчур, со по 19 поени, при што вториот имаше и 13 скока.
ТФТ сега има ефект од две победи и шест порази, на десеттото место, Шенчур дојде веднаш зад него со првата победа, наспроти седум порази. Следниот меч за скопјани е в четврток, против Широки Бријег, а утре (15ч.) Пелистер ќе излезе на мегдан со Спарс Илиџа.