Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР НА ДЕНОТ: Граѓаните во петок ќе ги бојкотираат маркетите по примерот на Хрватите
Економија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Граѓаните во петок ќе ги бојкотираат маркетите по примерот на Хрватите

28/01/2025

AA

ЗА ПЕТОК Е НАЈАВЕН БОЈКОТ НА МАРКЕТИТЕ

Трендот од регионот за бојкотирање на маркетите се пренесува и кај нас. Во моментот се најавуваат бојкоти на маркетите од страна на граѓаните по социјалните мрежи.

Македонскиот инфлуенсер Божидар Божиновски, на неговиот профил на Фејсбук објави повик во петок на 31. јануари граѓаните во Македонија да ги бојкотираат големите маркети поради скапотијата.

-Подобро би било да се избегнуваат големи ланци и оние кои ги диктираат (договараат) цените, место тоа да се купува во семејни и мали, маалски продавници на подолг рок. Ланците немаат да пропаднат од еден ден, а на малите им менува многу, цели семејства живеат од една продавница.

За лидерот на СДСМ, Венко Филипче најавениот бојкот на маркетите е најголем пораз на погрешните политики на власта.

МИЦКОСКИ ОТКРИ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ НЕГОВИТЕ СОВЕТНИЦИ

Премиерот Христијан Мицкоски има 17 советници, а нивните хонорари изнесуваат 60.000 денари. 

Мицкоски денеска информираше дека има 17 советници, од кои четворица се со полно работно време во Владата. Тие добиваат по 90.000 денари. Мицкоски вети дека имињата ќе бидат објавени. 

РЕВИЗОРИТЕ ИМААТ ЗАБЕЛЕШКИ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ПИОМ

Државниот завод за ревизија во денешниот извештај открива дека Управниот одбор на Фондот за пензиско осигурување го именувал за в.д.директор Дритан Беџети, кадар на Алтернатива на Африм Гаши, без согласност од Владата. 

Беџети така работел од јуни 2022 до март 2023, кога Владата „се сетила“ да не даде одобрување на неговиот избор и бил поставен нов директор.

„Во јуни 2022 година по спроведен јавен конкурс и постапка, со Одлука на Управниот одбор именуван е директор на Фондот на која Владата нема дадено согласност, што не е во согласност со Законот за ПИО и влијае на начинот на извршениот избор. Во март 2023 година, по девет месеци, од страна на Владата донесено е Решение за не давање на согласност на одлуката на УО од јуни 2022 година за именуваниот директор на Фондот од страна на УО што влијае на квалитетот на раководењето и работењето како и на начинот на реализација на правата и должностите на директорот утврдени со закон“, констатира ревизорот во денешното соопштение до медиумите.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Ракот на грлото на матката претставува сериозен здравствен предизвик за жените ширум светот. Според последните податоци, ова заболување е четвртиот најчест канцер кај жените, со над 600.000 нови случаи годишно, а повеќе од 300.000 жени умираат од оваа болест, што значи дека на секои две минути една жена го губи животот поради рак на грлото на матката.

Од 1 април завршува грејс периодот од две години што го добил „Номагас“ како акционерско друштво во државна сопственост помеѓу два циклуси на отплата на долгот од 90 милиони евра кон Дојче и Ерсте банк за изградба на магистралните гасоводи Штип – Неготино – Битола и Скопје – Тетово – Гостивар. . Договорот во 2015 година го потпиша тогашниот министер за финансии Зоран Ставрески, а тој вклучуваше и можност парите да се користат за државна поддршка. 

Многу млади луѓе во денешно време сакаат да си обезбедат пасивни приходи, но тоа не доаѓа брзо и лесно. За да генерирате пасивни приходи, потребно е да имате одлични активни приходи. Постојат луѓе кои со години работеле во странство, потоа купиле недвижен имот и денес заработуваат од кирија од истиот. 

Независните ревизори се воздржале од давање мислење за финансиското работење на МЖ Железници Транспорт во нивниот извештај за 2023 година. 

Дали Македонците решија дека не сакаат да се задолжуваат за некои небитни дневни трошења, туку само за нивни лични и семејни инвестиции.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи

31/08/2026
Македонија

Возен ред за градскиот воз од Зелениково до Скопје

31/08/2026
Македонија

Данела Арсовска избрана во работната група на G20 B20 за

31/08/2026
Македонија

7 активни пожари низ Македонија

31/08/2026
Македонија

Нови сведоштва на судењето за серијата убиства во Старо Нагоричане

31/08/2026
Македонија

26 подрачни училишта привремено затворени поради недостиг на ученици

31/08/2026
Македонија

Небанкарскиот финансиски сектор порасна за 22,1 отсто за една година

31/08/2026
Македонија

Од утре стартува „Градски воз“: Зелениково и Скопје добиваат нова

31/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45355
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи законски решенија за помош

31/08/2026

СДСМ ќе предложи конкретни мерки за проблемите со кои земјоделците се соочуваат, како што најавивме за лозарите, но и за

Возен ред за градскиот воз од Зелениково до Скопје

31/08/2026

Од 1 септември 2026 година повторно ќе биде достапна железничката врска меѓу Зелениково и Скопје, со градски воз кој ќе

Данела Арсовска избрана во работната група на G20 B20 за економски раст

31/08/2026

Екс градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, објави дека е избрана за член на G20 United States B20 2026 Economic Growth

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy