Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР АНАЛИЗА: Топ-10 компании од Прилеп со најголема добивка, место има и за печатницата на Хари Локвенец
Економија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Топ-10 компании од Прилеп со најголема добивка, место има и за печатницата на Хари Локвенец

05/06/2024

AA

АД Мермерен Комбинат е неприкосновен на врвот по најголем остварен профит во 2023, кога станува збор за компании од Прилеп. Од градежен материјал кој оди главно на кинескиот пазар, грчките газди имаат добивка која наедно е и најголема во дејноста експлоатација на руда во Македонија.

Тутунски комбинат е акционерско друштво во државна сопственост, но работи во партнерство со Филип Морис и во последните две години тоа му носи позитивни резултати. За тоа зборува заработката која го носи на второто место на листата. Остварената добивка најверојатно се должи на дивидендата од заедничката фирма-ќерка со Филип Морис.

Гентерм, од слободната зона Алинци, каде што произведува електронска и електрична опрема за моторни возила, е на третото место и по неколку години стагнација, конечно излегува од кризата што глобалните текови ја зафатија автоиндустријата.

„Комфи Ангел‟ е македонско-британска компанија, чиј фронтмен е Ирена Јакимовска. Специјализирана е за производство на перници, јоргани, прекривки, заштитници за душеци, вреќи за спиење,
постелнина во различни дезени и од различни материјали и главно извезува во десетици други земји.

Меѓу петте најуспешни е и АД Прилепска Пиварница. Како што е познато, а и како што говори ЦДХВ, двајца најголеми но воедно и единствени акционери кои поседуваат над пет отсто од капиталот се братот и сестрата Сашко и Панде Самарџиоски. Имено, и двајцата располагаат со по 36,32 отсто од акциите.

Крин-КГ од Беровци изработува плочи од мермер, кварцит, травертин и други материјали од камен. Компанијата поседува и рудници за гранит во Мариово. Доминантен сопственик е Христо Китаноски. Оваа компанија наедно е една од најуспешните по остварена добивка во 2023 по производство на градежни материјали на ниво на Македонија.

Витаминка оствари доволно висока добивка што ова акционерско друштво си дозволи годинава да подели дивиденда. Во Топ-10 се уште Микросам на семејството Самак, Кривогаштани-Промет за преработка и конзервирање на овошје и зеленчук на Роберт и Горан Цуцулевски, како и печатницата Гинис, во чија сопственичка структура е и Хари Локвенец, доскорешниот директор на Национални железници – Инфраструктура и поранешен пратеник.                                                     А.К.


Извор: Централен регистар

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy