Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР АНАЛИЗА: Профитни маржи над 50 отсто – Кои се и колку заработуваат најпознатите извршители?
Економија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Профитни маржи над 50 отсто – Кои се и колку заработуваат најпознатите извршители?

26/06/2024

AA

Профитни маржи повисоки и од 50 отсто остваруваат канцелариите на извршителите, што може да се види од споредбата на приходите и добивките што ги направиле нивните канцеларии во 2023, а за кои „Фактор“ ги обезбеди податоците.

Од една стѕрана се приходите кои најмногу се делжат на каматите и наградите кои ги остваруваат извршителите, а од друга страна се трошоците за плати во просек од четири до осум помошници и за закуп на просторот.. Разликата помеѓу едното и другото носат огромен профит за секој главен извршител како основач на канцеларијата.

Минатата година 93 евидентирани извршители наплатиле 159.761.407 евра, покажува објавениот извештај на нивната комора за 2023. Само на територијата на Основен суд Скопје и Кривичен суд Скопје биле присилно извршени 92.440.068 евра. 

Наплатата од граѓаните како поединци е рекордна – 41,9 милиони евра, резултат подобар од една година претходно – 40,5 милиони евра во 2022, која пред тоа важеше за убедливо најуспешна. Рекордна е и наплатата од државните институции како должници – 29,53 милиони евра, што е далеку најдобар резултат од претходните години. Од бизнисот, односно од правните лица, биле наппатени 90,34 милиони евра.

Извештајот забележува најголем број на извршени решенија во досегашното работење – 76.572 наплатени предмети. Овој резултат е за 14.057 предмети повисок од досегашниот рекорд – 62.515 во 2018. Бројот во 2023 е за 18.371 поголем од 2022.

Тоа е втора најдобра година на „ефикасност“ на извршителските канцеларии во историјата на нивното работење. Најдобрата за нив била 2017 кога наплатиле 166.224.905 евра. Резултатот на извршителите е подобар за 15,36 милиони евра од една година претходно. Во 2022 биле наплатени 144.350.068 евра.

Овие параметри оставаат простор Владата да направи анализа за „профитната маргина“ на услужната дејност чии претставници народот безочно ги нарекува „дерикожи“

Извршителите во последно време се на мета на јавноста. Често сме сведоци на јавни собири на кои граѓани протестираат и јавно го изразуваат своето лично незадоволство од системот за наплата на побарувања со извршување во кој крајна алка се токму извршителите кои за тоа се лиценцирани од државата. А.К.

Извор: Централен регистар

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сè уште активен пожарот кај Стенковец, избиле уште два на

06/09/2026
Македонија

Маж од скопско Драчево е осмата жртва од западнонилска треска

06/09/2026
Македонија

Гори дива депонија кај Стенковец, Ангелов: Ова што се случува

06/09/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот кај Рамно го замириса Скопје, активни се над

06/09/2026
Македонија

Ер-трактори упатени кон Брвеница: Огнот кај Милетино се заканува на

06/09/2026
Македонија

Изложба на олдтајмери во Кавадарци: Најстариот автомобил има 98 години

06/09/2026
Македонија

Се огласија од Владата за приведениот возач: Законите важат за

06/09/2026
Македонија

Симон Трпчески со триумфални концерти во Токио одбележа 20 години

06/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45502
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сè уште активен пожарот кај Стенковец, избиле уште два на отворен простор

06/09/2026

Пожарот кај Стенковец сè уште е активен, а во неговото гаснење се ангажирани скопските пожарникари. Во меѓувреме, попладнево избиле уште

Маж од скопско Драчево е осмата жртва од западнонилска треска

06/09/2026

Пациент на возраст од 70 години од скопската населба Драчево е осмата жртва од западнонилската треска годинава. Тој се лекувал

Гори дива депонија кај Стенковец, Ангелов: Ова што се случува е нехумано

06/09/2026

Нов пожар попладнево избувна во непосредна близина на спортскиот аеродром Стенковец, каде што е зафатена дива депонија. Над местото се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy