Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми приходи и добивки од рударство – Нефи Усеини и синот на Митко Чавков меѓу првите
Економија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми приходи и добивки од рударство – Нефи Усеини и синот на Митко Чавков меѓу првите

28/05/2024

AA

Во Македонија освен од бакар, олово, цинк и мермер, добро се заработува и од каменоломите и од дробењето на градежен камен. Тоа го покажува анализата за најголемите остварени приходи и добивки остварени во рударството за 2023. Станува збор за компании чија основна дејност е да продадат суровина што ја експлоатираат во природата, без да ја произведуваат и да и додадат вредност..

Предничат „Боров Дол“ и „Бучим“, двата рудници за бакар од Радовиш, кои имаат заедничко раководство од Солвеј Инвестмент Груп , а на трето место е „Булмак“ за олово и цинк од Пробиштип, кој ги има рудниците Злетово и Тораниц.

На четвртото место е Мермерен комбинат Прилеп, акционерско друштво во грчка сопственост, инаку со најголема остварена добивка во рударскиот сектор во Македонија. Следува Машинокоп на Лазар Пончев, една од најуспешните компании од Кавадарци, кој првенствено нуди услуги за минирање.

На шестото место е Миса-МГ експорт-импорт Скопје, која експлоатира четири каменоломи во земјата и има асвалтна и бетонска база. Во сопственост е на Миланко и Сашко Дамески од Скопје. Има 44 вработени и раст на добивка од 95 отсто.

Рајана Инженеринг од Визбегово, за експлоатација на камен за градежништво и суров гипс, е на 7.место по остварен приход. Оваа компанија во претходните години остварува многу помали приходи и добивки, но затоа во 2023 доживува огромен скок. Станува збор за компанија на контроверзниот бизнисмен Дритон Шуки, со адреса на живеење во Бутел, за кого медиумите известуваа дека е донатор на ДУИ и дека бил уапсен наводно за купена и продадена украдена медицинска опрема од македонските болници. Треба да се каже дека Рајана Инженеринг гради и станбени комплекси и помали хотели. Со 9 работници има раст на приходите од 542 отсто.

Во Топ-10 се уште Мис-Комерц на Митко Кочоски, компанија која копа јаглен за потребите на АД ЕСМ, Нефи & А Инвест за експлоатација на чакал и песок е половина во сопственост на Нефи Усеини, поранешниот советник во Општина Охрид од редовите на ДУИ, како и Ин-Мак Бетон од Струмица за пронаоѓање на камен за бетон и асвалт. Оваа последната е половина во сопственост на Иван Чавков, синот на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, инаку осуден за настаните на 27 април 2017, а другата половина е на извесен Неџати Баки.                                                    А.К.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Превозниците протестираа, Брисел одговори: Правилата на Шенген нема да се

01/09/2026
Македонија

19 пациенти со Западнонилска треска на Инфективна, двајца во тешка

01/09/2026
Македонија

1.696 пожари на отворено за три месеци – 69 биле

01/09/2026
Македонија

Сведочеше инвеститор: Мајката на Ристов уплатила околу 400.000 евра за

01/09/2026
Македонија

39-годишен маж пронајден починат во дворот на Клиничката болница во

01/09/2026
Македонија

Тешка сообраќајка кај Кичево: Загина 75-годишен возач, тројца повредени

01/09/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: Првачињата да се борат за знаење, а не само

01/09/2026
Македонија

Јаневска со порака до првачињата: Освен знаење од родителите барајте

01/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45377
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Превозниците протестираа, Брисел одговори: Правилата на Шенген нема да се менуваат

01/09/2026

Професионалните возачи од земјите надвор од Европската унија и натаму ќе мора да се придржуваат до постојните Шенгенски правила, иако

19 пациенти со Западнонилска треска на Инфективна, двајца во тешка состојба

01/09/2026

Состојбата на пациентите со западно-нилска треска кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести внимателно се следи, при што дел

1.696 пожари на отворено за три месеци – 69 биле шумски

01/09/2026

Во периодот од 1 јуни до 31 август годинава, на територијата на Македонија биле регистрирани вкупно 1.696 пожари на отворен простор,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy