Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР АНАЛИЗА: Гигантот во стечај „Бетон“ должи 24 милиони евра и 13 невратени кредити кај банките
Економија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Гигантот во стечај „Бетон“ должи 24 милиони евра и 13 невратени кредити кај банките

14/06/2024

AA

Некогашниот гигант кој го градеше дел од проектот „Скопје 2014“, „Бетон“ иако е две години во стечај, уште должи повеќе од 24 милиони евра. Ова го увиде „Фактор“ во базата на податоци на Централен регистар. Голем дел од овие пари уште им се должат на банките кои први реагираа како доверители пред две години.

Повеќе домашни банки ги активираа хипотеките и мениците во обид да ги наплатат долговите на АД Бетон кои ги имал кон нив, со извршување на недвижниот и подвижниот имот. Претходно, Обвинителството донесе одлука за замрзнување на имотот, а потоа и државните институции ги раскинаа договорите кои ги имаа со компанијата.  Истата година „Бетон“ не успева ниту да го предбележи хотелот во изградба во центарот на Скопје, веднаш до Белата Палата на ВМРО-ДПМНЕ, околу кој се навртеа извршители. Конечно, на минатогодишното рочиште, судот го прифати барањето на работниците за отварање на стечај на Бетон АД Скопје поради неисплатени 8 плати. Управната зграда одамна се нуди на продажба како хипотека.

Лани компанијата имала приходи од само 250.000 евра, а трошоци од 1.100.000 евра. Се уште останале 70 работници во друштвото, а 30-тина си заминале. 

Кај кредитите, базата на ЦР покажува дека „Бетон“ нема вратено 13 кредитни задолжувања, кои уште се активни кај четири доверители (банки). Станува збор за вкупна неподмирена, а доспеана сума од 11,67 милиони евра, која требало одамна да им биде вратена на кредиторите.

Од горенаведената сума, две невратени задолжувања во вредност од безмалку 1,45 милиони евра се веќе прогласени како нефункционални (евентуално ненаплатливи бидејќи доцнењето е подолг период). Состојбата со долгот кон банките е непроменета во последните година дена.

Претходно, во медиумите беше објавено дека во прашање се долгови кон четирите најголеми деловни банки – Комерцијална банка, Стопанска банка, НЛБ Банка и Халк Банка.

„Бетон“ во изминатите години започна со серија на поднесени и најавени тужби против институции како Општина Центар, Министерство за култура, Јавното претпријатие за држжавни патишта, Народна банка итн.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОТКРИЈА 12 МИГРАНТИ ВО ЕДЕН ДЕН Се криеле

30/09/2026
Македонија

2 И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ВРАБОТЕНАТА ВО МРВ ШТО

30/09/2026
Македонија

ОДБРАНАТА ПОВИКА 244 СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Газда Деко

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА ВО ПРИЛЕП Претреси на околу 30 локации,

30/09/2026
Македонија

ДАЛИ САМУИЛ И САМУЛИОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (1) Комитопулот на

30/09/2026
Македонија

ДАЛИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ИМА ТАЕН ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА НОВО

30/09/2026
Македонија

НЕМА НАУЧНА ПОТВРДА ДЕКА МОШТИТЕ СЕ НА ЦАР САМОИЛ Бугарија

30/09/2026
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45884
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОТКРИЈА 12 МИГРАНТИ ВО ЕДЕН ДЕН Се криеле во камиони за царинење

30/09/2026

Царински службеници во еден ден открија 12 илегални мигранти со потекло од Египет и Судан, при контрола на стока пријавена

2 И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ВРАБОТЕНАТА ВО МРВ ШТО ФАЛСИФИКУВАЛА ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА КАМИОНИ

30/09/2026

Две и пол години затвор доби вработената во Министерството за внатрешни работи која е обвинета за фалсификување на возачки дозволи,

ОДБРАНАТА ПОВИКА 244 СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Газда Деко на 3 октомври излегува од

30/09/2026

Вкупно 244 сведоци повикале адвокатите на 34 обвиети физички и 3 правни лица за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy