Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Европски Сојуз за Променa: Претседателот на Собранието треба да постапи врз основа на уставот, членот на опозицијата да се избере во ДИК
Македонија

Европски Сојуз за Променa: Претседателот на Собранието треба да постапи врз основа на уставот, членот на опозицијата да се избере во ДИК

19/11/2023

AA

Од Европски Сојуз за промена велат дека конкурсот за избор на член на Државната изборна комисија е веќе затворен, исто така претседателот на Собранието, г. Талат Џафери e информиран, дека кандидат на Европскиот Сојуз за Променa е г. Абдуш Демири.

„Откако поминаа 24 часа и откако со службен допис беше известен првиот човек на Собранието, бараме што поскоро да постапи согласно Уставот и соодветните закони во кои јасно стои дека опозицијата мора да има свој претставник на Државната изборна комисија.

Со адекватно дејствување на претседателот на Собранието ќе се докаже дека власта сака следните избори да бидат фер, демократски и транспарентни. Во спротивно, ќе се сфати дека Владата, чиј дел е и претседателот на Собранието, се подготвуваат претстојните избори да бидат изманипулирани, недемократски и без претставници на албанската опозиција. А со ваков пристап ќе има негативно влијание врз меѓународните институции и врз процесот на европска интеграција на земјата.

Првите индиции за изборна манипулација веќе ги даде министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој како претседавач со ОБСЕ се обиде да го намали бројот на набљудувачи на оваа многу важна меѓународна институција која ги надгледува и оценува изборните процеси.

Ја известуваме јавноста, а и државниот врв дека доколку се обидуваат да ја задржат целосно под контрола Државната Изборна Комисија и да ја остават без претставници на албанската опозиција, во овој случај на Европскиот Сојуз за Променa, тогаш ние од следната недела ќе ги информираме сите меѓународни институции и амбасадите на пријателските земји како што се САД, ЕУ, но и на други европски земји.
Се надеваме дека владата ќе го стави државниот интерес пред партискиот и личниот интерес“, велат од ЕСП.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy