Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВН Снабдување – 10 години лидер на слободниот пазар на електрична енергија – стабилен и сигурен партнер за македонските компании
Економија

ЕВН Снабдување – 10 години лидер на слободниот пазар на електрична енергија – стабилен и сигурен партнер за македонските компании

26/09/2024

AA

Со преку 3.600 бизнис клиенти и партнери, ЕВН Снабдување
го одбележува десетгодишното постоење на слободниот пазар на електрична
енергија. Со својата експертиза, партнерски пристап и искуство, компанијата е
една од водечките на слободниот пазар на електрична енергија во земјава. Како
членка на Групацијата ЕВН, која има големо искуство стекнато на преку 25 пазари
во Југоисточна Европа, ЕВН Снабдување понуди уникатни услуги дизајнирани по мерка
на компаниите.

„Компаниите бараа партнер кој може да ги пресретне и
следи динамичните промени на пазарот и да биде поддршка во нивниот развој. Со
својата секојдневна работа и голема посветеност,тимовите на ЕВН Снабдување
изградија одлични позиции на пазарот, а се надевам дека во иднина ќе остварат
уште подобри резултати со што ќе придонесат кон натамошен развој на пазарот“,
истакна Волфганг Маиер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

Партнерите и клиентите на ЕВН Снабдување добиваат лична
услуга која менаџерот за клучни корисници на ЕВН Снабдување со неговиот тим ја
дизајнираат според нивните потреби. Овој пристап е високо ценет на пазарот, а
на партнерите им овозможува стабилен развој преку оптимизација на трошоците и
зголемување на продуктивноста и ефикасноста.

„Ние сме и остануваме доверлив партнер на пазарот,
продолжувајќи да креираме најдобри решенија и понуда, овозможувајќи раст на
нашите партнери и развој на националната економија. Заедно со нашите партнери и
во иднина успешно ќе ги пресретнуваме сите предизвици“ истакна Роланд Циглер, менаџер
во ЕВН Снабдување.

ЕВН Снабдување има над 45 отсто пазарен удел, а за уште
поголема стабилност и унапредување на понудата на пазарот, инвестираше во
сопствени капацитети од 180MW електрична енергија од обновливи извори, додавајќи ѝ нова вредност
на компанијата.ЕВН Снабдувањеобезбедува поддршка на своите партнери 24 часа во
денот, 365 дена во годината.

„Деталната анализа на пазарот и поединечниот пристап што
го развивме за секоја компанија со која соработуваме, ни даваат можност да
создадеме квалитетна долгорочна врска со нашите партнери, која креира нови
потенцијали за развој. Дополнителните услуги што ги нудиме за нашите партнери
се додатен бенефит кој креира долгорочен раст“, истакна Беркант Шен, менаџер во
ЕВН Снабдување.

Со дополнителните уникатни услуги што ги нуди на пазарот,
ЕВН Снабдување дава сериозен придонес за развој на општеството во целина.
Компанијата преку своите активности придонесе за развој на електромобилноста и
во соработка со општините изгради сериозна инфраструктура за електромобилност
во 17 градови низ земјата. Електрични полначи се поставени на јавни површини,
во хотели и трговски центри, со што се создадоа услови за поголемо користење на
електричните возила и за поголема заштита на животната средина.

Преку услугата за енергетска ефикасност, тимовите на
компанијата изработуваат решенија со кои се намалува потрошувачката на
електрична енергија, додека услугата виртуелен производителовозможува
автоматско управување на централи на обновлива енергија приклучени на
електродистрибутивната мрежа, со што се оптимизираат трошоците. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БОКСОВИ, НОЖ И ГАСЕН ПИШТОЛ Taтко и синови нападнале вработени

09/04/2026
Македонија

ИЗГЛАСАН ЗАКОНОТ ЗА СРЕДНО ПОЛИЦИСКО УЧИЛИШТЕ Oд мај стартува новата

09/04/2026
Македонија

ВРЕМЕТО ЌЕ СЕ НАОБЛАЧИ Mожни се минусни утрински температури

08/04/2026
Македонија

ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ОДИ НА ВТОРО ЧИТАЊЕ

08/04/2026
Македонија

СДСМ ДИРЕКТНО ГИ КОЧИ РЕФОРМИТЕ, ВЕЛИ ЗНАМ „Наместо поддршка, го

08/04/2026
Македонија

МИЛИОНСКИ ПАКЕТ ОД САД ЗА ОДБРАНАТА, ЕНЕРГЕТИКАТА И ВО САЈБЕР-БЕЗБЕДНОСТА

08/04/2026
Македонија

Клучна битка за пациентите: Марјановиќ бара нов Закон за лекови

08/04/2026
Македонија

ГОТОВ Е ПРОЕКТОТ ЗА РЕНОВИРАЊЕ НА ИНФЕКТИВНОТО ВО ВЕЛЕС Почетокот

08/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42278
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БОКСОВИ, НОЖ И ГАСЕН ПИШТОЛ Taтко и синови нападнале вработени на гробиштата во Бутел

09/04/2026

Со боксови, нож и гасен пиштол, татко и неговите два сина вчера физички нападнале две лица на нивното работно место

ИЗГЛАСАН ЗАКОНОТ ЗА СРЕДНО ПОЛИЦИСКО УЧИЛИШТЕ Oд мај стартува новата генерација

09/04/2026

Со 61 гласа „за“, ниту еден против или воздржан, Собранието вечерва го усвои Законот за средно полициско училиште по скратена

ВРЕМЕТО ЌЕ СЕ НАОБЛАЧИ Mожни се минусни утрински температури

08/04/2026

Времето во четврток, 9 април, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy