Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВН: Слупчане и Оризари остануваат без струја
Економија

ЕВН: Слупчане и Оризари остануваат без струја

27/07/2023

AA

ЕВН денеска известува дека селата Слупчане и Оризари во општина Липково се уште се без напојување со електрична енергија. По целовечерна работа на екипите на Електродистрибуција, струја добиле Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце. 

Жителите на Слупчане вчера предизвикаа регионален дефект на неколку места со оштетување на опремата на ЕВН.  Вчера жителите на Слупчане го блокираа патот во селото и не им дозволија на екипите на ЕВН да работат на мрежата.

Од компанијата велат дека се додека не се создадат нормални услови за работа и се загарантира сигурноста на вработените на Електродистрибуција, нема да работат на санација на дефекти или да извршуваат редовни работни активности во овие села.

–Во текот на ноќта беше предизвикан нов дефект, исто така од мештаните на Слупчане, кој ги остави без струја селата Матејче, Виштица и Никуштак. Овој дефект е саниран и снабдувањето е нормализирано и во овие села. Дефектот на граничниот премин Табановце беше саниран вчера за кратко време, велат од компанијата.

Од Слупчане бараат да им се простат долгови од по неколку илјади евра, да добијат бесплатни нови приклучоци, без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3.000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање и слични други барања, кои додаваат од ЕВН, се спротивни на законските регулативи. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО МВР заплени рекордни 27 тони марихуана, најголема акција досега

06/02/2026
Македонија

ОТВОРЕНИ МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА СО ОБЕДИНЕТИТЕ АРАПСКИ ЕМИРАТИ Бенефитот ќе

06/02/2026
Македонија

На денешен ден во 1945 година во Битола е одржан

06/02/2026
Македонија

КСС ја прифати владината понуда за зголемување на платите на

06/02/2026
Македонија

Смртноста од рак во Македонија достигна рекордно ниво за последните

06/02/2026
Македонија

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ БАРА ЗАБРАНА НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА КАНАБИС Првобитната хумана

06/02/2026
Македонија

Демократскиот сојуз бара забрана за производство на канабис за медицински

06/02/2026
Македонија

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, измерени минус два

06/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41108
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО МВР заплени рекордни 27 тони марихуана, најголема акција досега во Македонија

06/02/2026

Македонската полиција спроведе историска акција за заплена на марихуана, поради поврзаност со претходната конфискација на пет тони дрога во Србија,

ОТВОРЕНИ МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА СО ОБЕДИНЕТИТЕ АРАПСКИ ЕМИРАТИ Бенефитот ќе го почувствуваат граѓаните

06/02/2026

Заокруживме уште една значајна посета што отвора нови можности за продлабочување на политичката, економската и трговската соработка со Обединетите Арапски

На денешен ден во 1945 година во Битола е одржан првиот наставен час на современ

06/02/2026

На 6 февруари 1945 година, во Битолската гимназија се одржа историски настан – првиот наставен час на современ македонски јазик

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy