Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВЕ ЗОШТО НЕ ПРОБАВМЕ ЈАГНЕШКО И КАДЕ ОТИДОА МАКЕДОНСКИТЕ ЈАГНИЊА – се гоштевале Хрватите, „Кланица со ладилник“ извезе за 2,6 милиони евра
Економија

ЕВЕ ЗОШТО НЕ ПРОБАВМЕ ЈАГНЕШКО И КАДЕ ОТИДОА МАКЕДОНСКИТЕ ЈАГНИЊА – се гоштевале Хрватите, „Кланица со ладилник“ извезе за 2,6 милиони евра

26/07/2024

AA

Извештаите на домашните компании секогаш се интересно четиво за бизнис заедницата, но и за поширокото граѓанство. Како работеле фирмите, какви биле условите за работа, каде згрешиле, дали и како можеле да направат повеќе…

Акционерското друштво Кланица со ладилник од Струмица го објави шестмесечниот извештај за своето работење, а од него можат да се откријат интересни податоци.

Она што генерално може да се извлече како заклучок е дека во првото полугодие од годинава компанијата остварила многу помала добивка од истиот период лани, а главната причина за тоа е не дека лошо работела или дека имала намалени приходи, туку дека позначајно се зголемиле расходите во нејзиното работење.

Или, оваа компанија периодот од јануари заклучно со август го завршила со чиста добивка од само 65 илјади евра, наспроти истиот период лани кога профитпот изнесувал 319 илјади евра.  Што значи дека добивката е намалена за цели 80 проценти.

Да го погледнеме Билансот на успех зошто е тоа така.

Приходите од продажбата се одлични и изнесуваат 3,73 милиони евра за само шест месеци. И, во однос на истиот период лани се зголемени за 14 процети.

И, ако малку, сосема малку затаиле приходите од продажба на домашниот пазар, затоа пак оние од продажбата во странство се и тоа како зголемени.

Односно, на домашниот пазар се извршени услуги за колење на стока и продажба на месо за сума од 1,1 милиони евра, што е одлична сума, но во однос на истиот период лани има само мало снижување за 7 проценти.

Но, затоа, пак, „цветаат“ приходите од продажба на странскиот пазар. Тие на компанијата и донеле 2,63 милиони евра, што во однос на истиот период лани е зголемување за дури 25 проценти.

А, од компанијата во своето образложение на финансискиот успех многу јасно кажуваат на чии странски трпези завршиле домашните јагниња.

„АД Кланица со ладилник Струмица изврши извоз на свежо јагне во Хрватска, вложи во осовременување на деловниот простор во кругот на кланицата за конфекционирање и пакување на месо, како посовремен начин на продажба на месо“, се вели во објавата од компанијата.

Или всушност, на оваа компанија најголемиот дел од приходите, или речиси сите, и се од извоз на јагне, и тие се на сума од 2,63 милиони евра.

Па од ова произлегува дека не е ни чудно што во земјава тешко се доаѓаше до јагнешко месо за Велигденските празници, а да не зборуваме за неговата цена која беше екстремно висока. А, одговорот се крие во тоа што најголем дел од јагнињата биле извесени во странство, или поточно во Хрватска.

Но, компанијата направила и прилично големи трошоци, односно трошоците на продадените производи и услуги изнесуваат 3,67 милиони евра, што, пак, доведе до толку ниска добивка на ова акционерско друштво за првите шест месеци од годинава.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОЕКТ ЗА ПАМЕТЕН И ОДРЖЛИВ ВОДОВОДЕН СИСТЕМ ВО БИТОЛА Автоматско

22/04/2026
Македонија

Македонија блесна во Москва: Бронзен медал за Даниел Христов на

22/04/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ГЕОПОЛИТИЧКА НЕОПХОДНОСТ Средба на Муцунски со

22/04/2026
Македонија

Филозофски факултет: Поништен спорниот упис на магистерски и докторски студии

22/04/2026
Македонија

Заврши стечајот за „Еурокомпозит“, македонско-полски инвеститори ја преземаат компанијата –

22/04/2026
Македонија

Три нови синдикални организации во државни институции

22/04/2026
Македонија

Димитров остро до Бугарија: Стратегијата ви е тажна, станавте наш

22/04/2026
Македонија

🎥 ВРЕМЕ Е ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ, ВРЕМЕ Е ЗА

22/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42771
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОЕКТ ЗА ПАМЕТЕН И ОДРЖЛИВ ВОДОВОДЕН СИСТЕМ ВО БИТОЛА Автоматско отчитување на водомерите и намалување

22/04/2026

Јавното комунално претпријатие „Водовод“ во Битола инвестира во паметен и одржлив водоводен систем, соопшти претпријатието. Градоначалникот  на Битола, Тони Коњановски,

Македонија блесна во Москва: Бронзен медал за Даниел Христов на најтешката хемиска олимпијада

22/04/2026

Ученикот од штипската гимназија „Славчо Стојменски“, Даниел Христов, се закити со бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по хемија, која

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ГЕОПОЛИТИЧКА НЕОПХОДНОСТ Средба на Муцунски со австриската министерка за Европа, Клаудија

22/04/2026

  Актуелните состојби и приоритети поврзани со европската агенда на државата беа теми на разговор на средбата на министерот за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy