Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВЕ ЗА КОЛКУ ЌЕ ПОЕВТИНАТ ТЕСТЕНИНИТЕ И МЛЕЧНИТЕ ПРОИЗВОДИ: Од утре помалку трошоци за граѓаните
Економија

ЕВЕ ЗА КОЛКУ ЌЕ ПОЕВТИНАТ ТЕСТЕНИНИТЕ И МЛЕЧНИТЕ ПРОИЗВОДИ: Од утре помалку трошоци за граѓаните

15/03/2023

AA

Тестенините од утре треба да поевтинат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти. Нивните цени се намалуваат согласно со одлуката што Владата ја донесе минатата недела. 

Со одлуката, од тестенините опфатени се макароните и шпагетите. За нив, од 13 март до 31 мај годинава се укинати увозните царински давачки. Само со укинување на царината, според пресметките на Владата, нивната цена се намалува за осум до девет денари во просек во малопродажба. Од Владата очекуваат намалувањето да биде и поголемо.

До 31 мај ќе биде во сила и одлуката за замрзнување на цената на млечните производи: трајно кравјо млеко со 2,8, 3,2 и 3,5 отсто масленост, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера соопшти дека при крај се и анализите кои треба да покажат дали ќе бидат замрзнати цените на шеќерот, јајцата и оризот.

-Владата ќе причека анализите да стигнат официјално од Министерството за економија, за да се продискутираат, изјави Битиќи по средбата со претставници на Германското стопанство.

Според Битиќи, засега е многу мало намалувањето на цените на тестените и млечните производи, но од утре тие треба да бидат пониски за 15, односно 10 проценти. 

-Намалувањето е многу мало, но реакциите се позитивни дека на 16 март сите веќе ќе имаат намалени цени, според она што беше дефинирано. Секако на 16-ти март, производите ќе стигнат до цената која е зададена, не гледаме дека нема волја од другата страна, рече Битиќи.

Одлуките за замрзнување на цените, како што нагласи вицепремиерот, не се носат за да се наштети некому, туку за доброто на сите граѓани.  

-Секоја мерка се носи за добро на граѓаните. Не сакаме да нанесеме штета со воведување мерки „од денеска за утре“ зашто сме свесни дека одредени суровини се со одредена цена. Затоа дадовме временски период од скоро една недела, за компаниите да потрошат одредени залихи и да почнат со замрзнати, пониски цени. Секоја мерка се носи за доброто на граѓаните, притоа не сакаме да нанесеме штета никому зашто заеднички настапуваме во периодот на криза за да излеземе од неа, изјави Битиќи.

Од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) најавуваат дека ќе излезат на терен и ќе постапуваат веднаш по стапувањето во сила на одлуките на Владата. Казните за непочитување на одлуките изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.

На 28 февруари годинава Владата ја замрзна и цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари. Пекарската индустрија по неколкудневен прекин на производството и испораката повторно почна да доставува леб, но најави дека ќе поведе правна постапка за наплата на штетата од владината одлука која на месечно ниво, според нивните проценки, изнесува над 1,5 милиони евра.

Според официјалните статистички податоци, трошоците на животот во февруари годинава во однос на февруари лани бележат зголемување од 16,7 проценти, а цените на мало од 12,4 проценти. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од полноќ: Бензинот поскапува за 4,5 денари, а дизелот за

17/08/2026
Македонија

Трет смртен случај од западнонилска треска, шестмина се во критична

17/08/2026
Македонија

Мисајловски за Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и

17/08/2026
Македонија

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

17/08/2026
Македонија

Уапсен 67-годишен битолчанец, предизвикал пожар во неговото поранешно стовариште

17/08/2026
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45061
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од полноќ: Бензинот поскапува за 4,5 денари, а дизелот за 6,5 денари

17/08/2026

Цените на горивата од утре повторно растат. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените

Трет смртен случај од западнонилска треска, шестмина се во критична состојба

17/08/2026

Уште еден пациент заразен со вирусот на Западен Нил починал во текот на викендот, со што бројот на смртни случаи

Мисајловски за Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за работа

17/08/2026

По повод 18 Август – Денот на Армијата, денеска пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот се одржа свечен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy