Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВЕ СО КАКВИ ГОЛЕМИ ЗАГУБИ НА ДРЖАВНИТЕ АД И ПРЕТПРИЈАТИЈА ЌЕ СЕ СООЧИ НОВАТА ВЛАСТ – како ЕСМ натрупа минус од 39 милиони евра за три месеци
Економија

ЕВЕ СО КАКВИ ГОЛЕМИ ЗАГУБИ НА ДРЖАВНИТЕ АД И ПРЕТПРИЈАТИЈА ЌЕ СЕ СООЧИ НОВАТА ВЛАСТ – како ЕСМ натрупа минус од 39 милиони евра за три месеци

05/06/2024

AA

Новата влада уште
не е формирана, но јасно е дека тоа ќе се случи наскоро. Ветувања за
подобрување на состојбите има многу, но интересно е да се види и со какви
проблеми ќе се соочи новата власт. А, дел од нив секако дека ќе бидат и
државните загубари, односно акционерските друштва и јавните претпријатија во
државна сопственост.

Министерството за
финансии квартално ги објавува податоците за тоа колкави загуби или добивки
имале државните претпријатија, а најновите бројки се за првиот квартал од
годинава.

Ако во таа ранг
листа на Фианнсии се опфатени 29 државни АД и ЈП, податоците говорат дека од
нив дури 13 во првите три месеци работеле со загуби, а 16 имале добивки.

Но, загубите на
загубарите се многу поголеми од добивките на другите.

А, од загубарите,
во убедливо најголем минус заглавиле државните електрани, или АД ЕСМ. Нивната
загуба за периодот од јануари до март годинава тежи дури 39 милиони евра, или
прецизно 38,87 милиони. Загубата се должи на многу повисоките расходи, наспроти
остварувањата на приходната страна.

Второто неславно
место по големина на загубите го делат Јавното претпријатие „Железници
инфраструктура“ и Јавното претпријатие „Национални шуми“, кои за три месеци
имаат „натокмено“ загуби од по 2,34 милиони евра,
со тоа што Ѓелезници
инфраструктура е само во благо водство пред Национални шуми.

А, четвртото
место, секако дека е резервирано за уште еден државен „минусџија“, а тоа е ЈП
Железници Транспорт
, чија загуба за првиот квартал од годинава достигнала 1,5
милиони евра.

Акционерското
друштво за контрола на летање М-НАВ, за првото тримесечје прикажало исто така
дебела загуба од 1,01 милиони евра, а зад него, на шесто место, за првиот
квартал од годинава се најде ЈП Стрежево, со „силен“ минус од 855 илјади евра.

Многу подобро не
е ниту ЈП „Водостопанство“, кое долг период мака мачи со загубите, и чиј минус
за првиот квартал е 841 илјади евра.

ЈП Злетовица има
загуба од над 567 илјади евра, а зад неа е, да не ја заборавиме, и славната „Македонска
пошта“
, со минус од 457 илјади евра.

Во групата
загубари влезе и МЕПСО, преносниот оператор, иако нивната загуба е потолерантна
и за првите три месеци од годинава изнесува 137 илјади евра.

Од „добитниците“,
пак, најдобро е ЈП за државни патишта, чија добивка само за три месеци е 3,5
милиони евра, веројатно од наплата на патарини, но и преку нив оди
реализацијата на проектот на „Бехтел и Енка“.

Солидна добивка
направил и нивниот „брат“ – ЈП за одржување и заштита на магистрални и
регионални патишта,
чија добивка изнесува 2 милиони евра за првиот квартал.

АД Номагас, кое
управува со гасоводот и е оператор за пренос на гас, за три месеци направиле
добивка од 1,46 милиони евра, која е солидна.

И вреди да се
спомене дека во плус, иако скромна добивка од 83 илјади евра, е ДООЕЛ Нафтовод, косопственик на македонско грчкиот нафтовод, кој неодамна доби лиценца за работа.

Останатите државни компании имаат помали загуби или добивки.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy