Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Еве што е следно за членството на Финска во НАТО
Македонија

Еве што е следно за членството на Финска во НАТО

31/03/2023

AA

Финска доби зелено светло за влез во НАТО, откако Турција синоќа ја ратификуваше кандидатурата на северната земја, објави Асошиетед прес. Со ова, Финска станува најновото дополнување на 30-члената западна воена алијанса.

За да биде примена нова земја, сите земји членки на НАТО мора да гласаат едногласно. Одлуката на турскиот парламент уследи по ратификувањето на членството на Финска од Унгарија, одобрено претходно оваа недела.

Финска има 1.340 километри заедничка граница со Русија, што значи дека границата меѓу НАТО и Русија сега е повеќе од двојно подолга.

Сепак, пред земјата да стане полноправна триесет и прва членка на НАТО, потребни се уште неколку чекори и процедури:

ПРИСТАПНИ ПРОТОКОЛИ

Турција и Унгарија испраќаат официјални протоколи до Соединетите Држави, кои се „чувар“ на Организацијата на Северноатлантскиот договор и каде што таквите документи се депонирани според договорот за основање на Алијансата во 1949 година. Протоколите ќе се чуваат во архивите на САД Стејт департментот, кој ќе го извести генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека се исполнети условите за покана на Финска да стане членка.

ПОКАНА

НАТО испраќа писмо потпишано од Столтенберг во кое ја поканува Финска да се приклучи на воената алијанса.

ПОТПИСИ

Финска го испраќа својот документ за прифаќање, потпишан од министерот за надворешни работи Пека Хависто, до американскиот Стејт департмент. Финскиот претседател Саули Ниинисто го овласти Хависто да го потпише документот. Финската амбасада во Вашингтон или официјален фински владин претставник ќе го достави документот.

ЦЕЛОСНО ЧЛЕНСТВО

По пристигнувањето на документот за прием на Финска во Стејт департментот во Вашингтон, земјата официјално станува членка на НАТО.

ПРАШАЊЕТО ФИНСКА-ШВЕДСКА

Во мај 2022 година, Финска и нејзиниот сосед Шведска заеднички аплицираа за влез во НАТО. Земјите кои имаат блиски културни, економски и политички односи планираа истовремено да станат дел од воениот сојуз.

Но, кандидатурата на Шведска заглави поради противењето на Турција, чиј претседател рече дека неговата земја нема да го ратификува членството додека не се решат споровите меѓу Анкара и Стокхолм. Турската влада ја обвини Шведска дека не е доволно остра кон групите и заедниците кои Анкара ги смета за терористички организации.

Парламентот на Унгарија, исто така, допрва треба да го ратификува членството на Шведска во НАТО, но не е јасно кога тоа ќе го направи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42414
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy