Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВЕ КОЛКУ РАБОТНИЦИ ЌЕ БИДАТ ПОТРЕБНИ ЗА ИЗГРАДБА НА КОРИДОРИТЕ: Се бараат повеќе различни профили
Економија

ЕВЕ КОЛКУ РАБОТНИЦИ ЌЕ БИДАТ ПОТРЕБНИ ЗА ИЗГРАДБА НА КОРИДОРИТЕ: Се бараат повеќе различни профили

16/08/2023

AA

За изградбата на коридорите 8 и 10 д на конзорциумот „Бехтел и Енка“ ќе им бидат потребни околу две илјади работници од различни профили. Овој податок беше соопштен на првиот ден од саемот за вработување што се одржа попладнево во Агенцијата за вработување во Гостивар во американско-турскиот конзорциум. Меѓу гостите и заинтересираните граѓани беше и првиот вицепремиер Артан Груби. Тој посочи дека Коридорите 8 и 10д се како што рече најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата држава и дека се потребни работници.

– Би сакал да ги охрабрам сите луѓе не само од Гостивар, да аплицираат на дадените адреси и да станат дел од изградбата на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата држава со којшто ќе изградиме автопатско решение се до границата со Албанија и исто така поврзувајќи ги автопатски и Прилеп и Битола. Во разговорот со менаџерите, планирано е да има над 2.000 вработувања и се надеваат сите ќе бидат од Република Македонија, изјави Груби по посетата на самото во Гостивар.

Во име на менаџерскиот тим на конзорциумот на дел од новинарските прашања во врска со платата на работниците и почетокот на конкретните работи, одговараше Џошуа Бејкер директорот на проектот Џошуа Бејкер без да посочи на прецизни бројки и рокови.

– Наредните недели би можело да се почне со градежните работи на терен. Вложуваме сериозни напори да отпочнеме поскоро со градежните работи. Соработуваме со Владата и општините на експропријација на земјиштето и подготовките, рече Бејкер и посочи дека во тек се подготовките за изградба на два кампови, еден близу Гостивар и еден помеѓу Битола и Прилеп.

Тој не кажа конкретен износ во врска со прашањето за висината на платите на вработените, туку кажа дека ќе бидат според нивната работна позиција и се формирани според актуелната побарувачка на пазарот на трудот. Бејкер очекува како подизведувачи да бидат вклучени повеќе локални фирми.

На првиот ден од саемот, во гостиварскиот центар за вработување, за работа во „Бехтел и Енка се пријавија педесетина лица меѓу кои имаше и градежни инженери кои бараат работа и лица кои веќе работат. Нив најмногу интересираа платата, работното време и кога ќе добијат одговор по нивното пријавување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите

27/09/2026
Македонија

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на

27/09/2026
Македонија

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток

27/09/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во

27/09/2026
Македонија

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски

27/09/2026
Македонија

88-ГОДИШНИК СТРУЖАНЕЦ НАСАМАРЕН ЗА 300.000 ДЕНАРИ Му ветиле награда, а

27/09/2026
Македонија

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“

27/09/2026
Македонија

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче

27/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45836
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите ќе растат

27/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во понеделник, а температурите во текот на денот ќе се движат од

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на ДУИ доби многу непријатно прашање

27/09/2026

Дали Али Ахмети сведочел против Ослободителната војска на Косово во Хаг и дали неговиот исказ имал каква било улога во

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток одговор од „12:05“ по прес-конференцијата

27/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy