Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Еве колку ќе ја чинат ЕУ царините на Трамп
Македонија

Еве колку ќе ја чинат ЕУ царините на Трамп

06/05/2025

AA

ЕУ очекува дека трговските истраги на Доналд Трамп би можеле да го зголемат обемот на царини за стоки од ЕУ на вкупна вредност од 549 милијарди евра, што би влијаело на речиси целиот европски извоз во САД, предупреди европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ.

Зборувајќи пред членовите на Европскиот парламент, Шефчовиќ процени дека новата рунда американски царини, кои вклучуваат увоз на фармацевтски производи, полупроводници, дрва, критични минерали и камиони, би можеле да влијаат на дополнителни 170 милијарди евра од европскиот извоз.

Ова би значело дека дури 97 проценти од вкупниот извоз од Европската Унија во САД би бил опфатен со трговски мерки, објавува „Блумберг“.

„Овие увозни давачки се неосновани и предизвикуваат економска штета од двете страни на Атлантикот“, рече Шефчовиќ, додавајќи дека Европската Унија не може да биде пасивна во ситуација што ја опиша како „неприфатлива“.

Европската комисија подготви нацрт-документ што ќе ѝ биде презентиран на американската страна оваа недела со цел повторно започнување на преговорите, објави претходно њујоршката агенција.

Европската Унија ѝ предлага на администрацијата на Трамп, меѓу другото, намалување на царинските и нетарифните бариери, зголемување на европските инвестиции во САД, соработка во борбата против нелојалната конкуренција и зголемување на купувањето на американска стока.

Доколку преговорите не бидат успешни, ЕУ најави одмазднички мерки, вклучително и повторно активирање на царините за американски стоки во вредност од 21 милијарда евра, кои претходно беа суспендирани како гест на добра волја, но сепак се потребни понатамошни чекори, додава њујоршката агенција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж:

24/08/2026
Македонија

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026
Македонија

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026
Македонија

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал

24/08/2026
Македонија

Метеоаларм за денес: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер

24/08/2026
Македонија

Петок неработен ден за православните верници

24/08/2026
Македонија

ИСЧЕЗНА 83-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ: Трајан последен пат виден во Кисела Вода

24/08/2026
Македонија

Шестгодишно дете тешко повредено во Тетово, таткото го прегазил со

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45224
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж: Активни неколку жаришта во земјава

24/08/2026

Скопје денеска беше обвиено со чад и мирис на гареж, додека активните пожари во околината на главниот град продолжуваат да

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026

Жителите на велешките села Иванковци и Кумарино не смеат да ја користат водата од селските водоводи за пиење, соопштија денеска

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026

На ден 24.08.2026 година, до 18:30 часот, регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои 7 се активни,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy