Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Еве кои граѓани ќе добијат помош од 1.000 денари месечно за струја
Македонија

Еве кои граѓани ќе добијат помош од 1.000 денари месечно за струја

31/07/2025

AA

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека Владата ја усвои Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година. Со оваа програма се издвојуваат 42,3 милиони денари од државниот буџет за директна финансиска поддршка на граѓани кои живеат во енергетска сиромаштија – особено лица со попреченост и корисници на гарантирана минимална помош.

– „Целта е да обезбедиме сигурна и достапна енергија за најранливите. Финансиската поддршка ќе помогне на домаќинства со сериозни социјални и здравствени предизвици,“ информираат од Министерството.

Поддршката ќе се спроведува по принципот „најниски приходи“, додека не се исцрпат предвидените средства. Секоја избрана апликантска единица ќе добива месечна поддршка од 1.000 денари, кои директно ќе се одбиваат од сметките за електрична енергија во период од 12 месеци од поднесувањето на барањето.

Распределба на средствата:

2,3 милиони денари за домаќинства со лице/лица со тешка или длабока интелектуална попреченост

19 милиони денари за домаќинства со најтешка телесна попреченост

9 милиони денари за домаќинства со потполно слепо лице

12 милиони денари за домаќинства со потполно глуво лице

Јавниот оглас за аплицирање ќе биде објавен на веб-страницата на Министерството за енергетика (www.energy.gov.mk) и во два дневни весници. Граѓаните ќе имаат рок од 30 дена за поднесување на барањата, а апликацискиот образец ќе биде достапен онлајн и во архивата на Министерството. За аплицирање ќе биде потребна соодветна документација.

Селекцијата ќе ја вршат четири специјализирани комисии, формирани според видот на попреченоста, составени од службеници од Министерството. Листата на избрани корисници ќе биде јавно објавена.

Дополнителни олеснувања од програмата:

Ослободување од трошоци за повторно приклучување

Приоритет при отстранување дефекти

Забрана за исклучување од електрична енергија поради неплатени сметки во зимскиот период

Од Министерството апелираат сите граѓани кои ги исполнуваат условите да се информираат и да аплицираат навреме.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy