Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВЕ ГО ПЛАНОТ: Младите да останат во земјава, луѓето во социјален ризик економски да се осамостојат
Економија

ЕВЕ ГО ПЛАНОТ: Младите да останат во земјава, луѓето во социјален ризик економски да се осамостојат

31/05/2025

AA

Младите да најдат работа во државава, да се запре иселувањето и да им се помогне на луѓето во социјален ризик да стекнат нови вештини и да се вработат, со што ќе станат економски независни, се меѓу мерките на Оперативниот план 2025 кој Владата го усвои на седница, а во средата го презентираше премиерот Христијан Мицкоски. 

За заинтересираните да се запознаат со мерките што ги предвидува Планот, Владата денеска организираше трибина „Визија за промена“, на која за мерките и ефектите што се очекуваат зборуваа министерката за образование и наука Весна Јаневска, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, и директорот на Агенција за вработување, Сељатин Бељули.

Јаневска истакна дека во делот на образованието Оперативниот план ќе понуди доедукација, доквалификација или преквалификација на 600 луѓе за што се предвидени 70 милиони денари. Целта е тие да може да се вклучат на пазарот на труд и мерката МОН ќе ја спроведува во соработка со Центарот за образование на возрасни (ЦОВ) кој ќе организира кратки обуки од три месеци за што ќе бидат објавени огласи. Јаневска посочи дека обуките ќе бидат од модерни технологии, од претприемништво и сите што се корисни и за развој на општеството и оти ќе бидат креирани според неговите потреби.

-Пријавените ќе добиваат 12.000 денари месечно, а обуките ќе ги спроведуваат акредитирани организации кои веќе имаат искуство и кадар. Тие што ќе бидат избрани да ги спроведуваат обуките ќе добиваат по 30.000 денари месечно, рече Јаневска на трибината.  

Посочи дека само 25 проценти од луѓето од 25 до 64 години се вклучени во процесот на некакво образование, за разлика од ЕУ каде е 47 проценти. Наша цел е, рече таа, преку овој План да го достигнеме тој процент. 

-Сево ова е организирано и со финансиска пресметка и со очекувани резултати. Знаеме веќе што очекуваме од овој Оперативен план и какви ефекти ќе имаме, за разлика од минатото кога не било планирано и решенијата биле ад хок, без натамошен развоен план освен моментална помош. Поентата е да ги вклучиме невработените и повозрасните на пазарот на труд зашто јавна тајна е дека ние во моментот имаме недостиг од работна сила. За жал, иселувањето од земјата е огромна и со голема тага кажувам дека во изминатите седум години изгубивме 17 000 ученици и седум илјади студенти, што за мала земја како Македонија може да биде погубно ако тој тренд продолжи, нагласи Јаневска. 

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, посочи дека важен сегмент од Планот е токму демографијата која е во фокусот и на Владата и затоа таа е опфатена и во новиот назив на Министерството. Пристапот со овој План, рече, овозможува демографијата да биде број еден со цел да им се помогне на младите да најдат работно место во државава. 

-Акцентот го ставаме на младите луѓе до 29 години кои, за жал, системот на државата ги натерал дел од нив да ја напуштаат и тоа ќе продолжи ако не направивме нешто суштински. И затоа се овие мерки со подобри услови токму за најмладите и за тие до 29 години отвораме можности да останат во Македонија и да можат да бидат дел од системот за вработување и својот живот и иднина да ја креираат токму тука и да ги задржиме семејствата, рече Велковски. 

Оперативниот план 2025, посочи тој, опфаќа и стимулативни мерки за маргинализираните категории граѓани, како приматели на гарантирана минимална помош (ГМП), лица со инвалидност, жени Ромки, жртви на семејно насилство.

Како што рече, гарантираната минимална помош што денес ја примаат ранливите семејства кои се во социјален ризик не е доволна за да го истуркаат месецот. За да не останат постојано зависни од помошта, целта е, рече Велковски, да се натераат оние што се работоспособни да бидат вработени, посочувајќи ги како предвидени мерки самовработувањето и претприемништвото. Со мерките се отстрануваат бариерите со кои се соочуваат корисниците и ќе им се помогнат во постепено осамостојување. 

-Тенденцијата на Владата е да се намали бројот на невработени и преку овие мерки може да го постигнеме тој ефект многу побрзо и поефикасно. Ќе ги мотивираме примателите на ГМП да најдат вработување, буквално да им помогнеме и со индивидуални планови како Министерство и центри (за социјална работа) и со тоа да ги извадиме од сиромаштија и да станат навистина независни, истакна Велковски на трибината. .

Сељатин Бељули, директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија, соопшти дека активно се подготвуваат за спроведување на мерките предвидени со Оперативниот план и дека е спремен и софтверот за активностите, и на централно, и на локално ниво. 

-Јавните повици ќе се објават со план и роковник што ќе го определиме и дефинираме. Чекаме решение од Комисијата за заштита на конкуренција која е надлежна да донесе решение доколку некоја од активните мерки се коси со законот и кога ќе го добиеме ќе почнеме со реализација, соопшти Бељули.

Како што рече, влијанието и ефикасноста на мерките ќе се следи преку индикатори на реализација кои се дефинирани во секоја одделна мерка во самиот Оперативен план. Транспарентноста на целиот процес, пак, ќе ја гарантира комисија за избор со членови од девет институции. 

-Уверувам дека е обезбеден транспарентен процес затоа што секоја активна мерка пред реализација оди со јавен повик на кој имаат право да учествуваат сите невработени лица или сите заинтересирани засегнати страни како работодавачи или спроведувачи на обуки. Администрацијата на Агенцијата за вработување фактички само ги подготвува материјалите, ги води процесите и административните работи врзани со овој документ. Конечната одлука за тоа кои ќе бидат учесници во овие активни мерки е на комисијата за селекција на учесници во активните мерки. Таа комисија е составена од членови од девет институции и го гарантира транспарентниот процес при изборот. Освен тоа, предвидено е да има и комисија за приговори, рече Бељули на трибината. 

Оперативниот план за вработување за 2025 година е вреден 40 милиони евра и опфаќа над 16 илјади невработени, 65 проценти од овие лица се очекува да бидат млади до 29 години.

-На последната седница срочивме оперативен план за вработување вреден 40 милиони евра со кои ќе бидат опфатени над 16 илјади наши сограѓани, од кои 12 537 лица во активни мерки за вработување, а 3520 лица во услуги за вработување, изјави премиерот презентацијата на Оперативниот план. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Г.г. Стефан од Рим: Делото на Кирил и Методиј и

23/05/2026
Македонија

Позната јачината на земјотресот во Македонија!

23/05/2026
Македонија

Хорор во дом за деца: 15-годишен штитеник се обидел да

23/05/2026
Македонија

Полицијата приведе 18 возачи за безобѕирно возење низ државата

23/05/2026
Македонија

Филипче: Нема раст на плати, граѓаните едвај преживуваат

23/05/2026
Македонија

Последен поздрав денеска за баритонот Ристе Велков

23/05/2026
Македонија

Чаир ќе добие подземни контејнери

23/05/2026
Македонија

Невреме утре во Македонија: Пороен дожд, грмежи и силен ветер

23/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43426
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Г.г. Стефан од Рим: Делото на Кирил и Методиј и денес живее меѓу нас

23/05/2026

Во рамки на чествувањата по повод Денот на сесловенските просветители, во Рим беше оддадено почитување на делото на светите браќа

Позната јачината на земјотресот во Македонија!

23/05/2026

Попладнево беше регистриран земјотрес во Македонија со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала, покажуваат податоците од сеизмолошките служби. Земјотресот

Хорор во дом за деца: 15-годишен штитеник се обидел да изврши обљуба врз 14-годишен штитеник

23/05/2026

На 22.05.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, од јавна установа за зргижување на деца на подрачјето на Центар во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy