Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕУ подготвува рекордна казна за Facebook, познато е и каде завршиле податоците на корисниците
Економија

ЕУ подготвува рекордна казна за Facebook, познато е и каде завршиле податоците на корисниците

18/05/2023

AA

ЕУ се подготвува да и наложи рекордна казна на Мета, мајката на Фејсбук, за нарушување на приватноста со пренесување на податоците на корисниците на Фејсбук од ЕУ на сервери во САД и непочитување на предупредувањето од судот на ЕУ, изјавија два извори.

Казната ќе биде повисока од претходниот рекорд, казната од 746 милиони евра наметната од ЕУ на Amazon.com, велат изворите.

Мета одби да коментира. Ирската Комисија за заштита на податоци (DPC) и Европската комисија не одговорија веднаш на барањето на Ројтерс за коментар за извештајот.

Европските регулатори предводени од ирската комесарка за заштита на податоци Хелен Диксон ја финализираат забраната за правната алатка што ја користи Facebook за пренос на податоците на европските корисници во САД, поттикнати од стравувањата дека американските разузнавачки служби би можеле да добијат пристап до податоците.

Во април тие предупредија дека ирскиот регулатор за заштита на податоците има рок од еден месец да издаде наредба за блокирање на трансатлантскиот пренос на податоци на Facebook. Забраната би можела да стапи на сила во наредните денови.

Во 2020 година, највисокиот европски суд го поништи договорот меѓу САД и ЕУ за пренос на податоци, повикувајќи се на страв од надзор, потсетува Ројтерс.

Мета минатата година предупреди дека поради забраната за механизмот што го користат за пренос на податоци од Европа во САД, би можеле да бидат принудени да ги прекинат услугите на Фејсбук на Стариот континент.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
Македонија

СО ПЛОВЕЧКИ ФОТОВОЛТАИЦИ ЌЕ СЕ ОБЕЗБЕДИ СТРУЈА ЗА ПОЛНЕЊЕ НА

10/04/2026
Македонија

ВИДЕО Преспанското Езеро порасна за 90 сантиметри за шест месеци

10/04/2026
Македонија

УАПСЕНА ТИНЕЈЏЕРКА ЗА НАПАД ВРЗ ЖЕНА Викнала другарки и заедно

10/04/2026
Македонија

Најтешкиот момент е согласноста: Д-р Кузмановска за 4tv.mk ги објаснува

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ ОТИШОЛ НА ГОСТИ, ПОЧИНАЛ ВО РАСИПАН ЛИФТ Истрагата ќе

10/04/2026
Македонија

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на

10/04/2026
Македонија

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42357
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО ВМРО-ДПМНЕ Мета му се заблагодари

10/04/2026

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, кој е во затворски притвор, во интервју искажа

СО ПЛОВЕЧКИ ФОТОВОЛТАИЦИ ЌЕ СЕ ОБЕЗБЕДИ СТРУЈА ЗА ПОЛНЕЊЕ НА ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО Прв ваков проект

10/04/2026

Преку производство на сопствена струја од пловечки фотоволтаици ќе се наводнуваат обработливите земјоделски површини преку акумулацијата Паљурци, но и повторно

ВИДЕО Преспанското Езеро порасна за 90 сантиметри за шест месеци

10/04/2026

По години на пад, водостојот на Преспанското Езеро бележи раст. Според најновите мерења, нивото достигна 841.78 метри надморска висина, што

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy