Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕУ одобри прва исплата од Инструментот за реформи и раст за Македонија
Македонија

ЕУ одобри прва исплата од Инструментот за реформи и раст за Македонија

01/09/2025

AA

Со Одлука за спроведување на Европската комисија за одобрување на првото ослободување на средства за Република Северна Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, беше одобрена првата исплата на средства за нашата земја. Со оваа Одлука одобрени се нето-износ од околу 2.3 милиони евра како неповратна помош и како нето износ од околу 2 милиони евра како заем кои ќе бидат достапни преку Инвестициската рамка за Западен Балкан и нето износ од околу 3.7 милиони евра што го претставува преостанатиот дел од заемот наменет за директна буџетска поддршка. Во оваа сума не се вклучени околу 3,6 милиони евра кои се наменети за порамнување на дел од средствата кои државата претходно ги доби како претфинансирање

Средствата се обезбедени по доставеното Барање од страна на министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој како Национален координатор за Инструментот за реформи и раст, во име на Владата на Република Северна Македонија, а преку Министерството за европски прашања, ја достави целокупната документација за чекорите од Реформската агенда 2024–2027, со рок на реализација декември 2024 година (односно февруари 2025 година). Барањето ги опфаќаше реформите во повеќе области: во делот управување со јавни финансии беа предвидени законски измени за поефикасно и транспарентно буџетско управување. Во областа енергетика беа воспоставени нови управувачки структури за спроведување на планот за праведна транзиција. Во областа деловна средина беа воведени нови правила за независност во управувањето со државните компании. Во областа владеење на правото беа предвидени мерки за редовно пополнување на позициите на судии и јавни обвинители согласно долгорочните проекции на надлежните совети

Според оценката на Европската комисија целосно исполнети се два чекори: донесувањето на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола и измените на Законот за трговски друштва. Ова претставува 40 проценти реализација на чекорите односно 50 проценти во однос на средствата. За преостанатите чекори, Комисијата констатира дека не се целосно реализирани и за нив е предвиден грејс период до 24 месеци за односно до декември 2026 година. Тоа значи дека државата има дополнително време за нивна реализација и ослободување на останатите средства од вкупните алоцирани средства кои се во висина од околу 17,1 милиони евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy