Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕСМ со катастрофално ниско производство на струја во септември
Економија

ЕСМ со катастрофално ниско производство на струја во септември

17/10/2024

AA

Изминатиот септември е месец на незапаметливо најслабо производство на електрична енергија од страна на АД ЕСМ и неговите подружници, пред се РЕК Битола и акумулациите. Компанијата учествувала едвај со 37,6 отсто во домашното производство на струја.

Извештајот што пред два дена го објави националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО за податоците за количините на струја покажува дека државните електрани произвеле само 165 гигаватчасови струја. Втор најслаб месец годинава по септември е тој претходно – во август, но со далеку подобар резултат – 233 гигаватчасови. Септември бил месецот кога ЕСМ произвел двојно помалку од најдобриот месец во 2024 – февруари, кога се евидентирани 369 гигаватчасови, или повеќе од двојно подобро во однос на најнепродуктивниот месец.

Поради слабото производство во септември, според извештајот на МЕМО, при предавањето на струјата на ЕВН Хоме, на произведените 165 гигаватчасови, требало ЕСМ да докупи уште 32 гигаватчасови за да го задоволи договорот од 85 отсто од потребите на универзалниот снабдувач на регулираниот пазар.

И минатата година (2023) немало ниту приближно ваков месечен резултат. И тогаш месец септември бил најслаб, но се произвеле 223 гигаватчасови,  а најуспешен бил јануари кога компанијата предала високи 428 гигаватчасови.

Изминатиот период блоковите во РЕК Битола често беа вон функција, а раководството на ЕСМ самото призна дека хидроакумулациите се на ниско ниво. Во моментов нема ниту наоѓалишта на висококалоричен јаглен. Директорот за производство Зоран Коњановски рече и дека се репреговарало со увозниците на јаглен.. Третиот блок на РЕК Битола бил блокиран од увезен битуменизен јаглен, несоодветен на технологијата на комбинатот. Наслагите биле во висина до 13 метри и три месеци морало да се отстрануваат со минирање и со рударска опрема.

Самиот МЕМО во извештајот потврдува дека минатиот месец независните (приватните) производители како гасната централа ТЕ-ТО и останатите централи заедно произвеле процентуално повеќе отколку ЕСМ.

„Независните производители со 179 GWh учествуваат со најголем процент од 40,6%, потоа следува ЕСМ со 165 GWh, поточно со 37,6%, потоа виртуелни производители со 69GWh односно 15,7%  и повластените производители на електрична енергија со  24GWh односно 5,5%“, искоментира меѓудругото МЕМО во месечниот извештај.

Министерката за енергетика Сања Божиновска пред две недели го потврди она што и Коњановски го кажа, дека капацитетите во РЕК Битола не се во најдобра кондиција. 

– Ќе гледаме да набавиме на малку подолгорочен период, да не купуваме за мал период, цените на берза се околу 100 евра за мегават/час, следните седум дена ќе правиме енергетски биланс. Што се однесува за финансии, со премиерот дискутиравме да набавиме пари за да купиме струј и тоа ќе биде најверојатно финансирано преку домашните банки. Универзалниот снабдувач следната недела ќе ги достави своите потреби за следната година. Ние ќе видиме колку ЕСМ може да произведе од домашното производство – рече Божиновска.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од

12/04/2026
Македонија

Тројца мажи од Македонска Каменица приведени, пијани се испотепале во

12/04/2026
Македонија

Тракторист од Стиник тешко повреден при работа во пластеник во

12/04/2026
Македонија

СО МЕЃУСЕБНА ПОЧИТ ДА ЈА ГРАДИМЕ ДРЖАВАТА КАКВА ШТО ЈА

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42407
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од борби во Камењане

12/04/2026

На 11.04.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане, во атарот на с. Камењане на местото викано „Бунариште“,

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче во „голф“, уапсени тројца, па

12/04/2026

Маж од село Камењане е лишен од слобода поради сомнение за вмешаност во борби со кучиња. Претходно, на локалниот пат

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто Оризари па се пријавил во

12/04/2026

На 12.04.2026 во 01:20 часот во Полициска станица Шуто Оризари, сам се пријави малолетник од Шуто Оризари, кој на 11.04.2026

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy