Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕСМ Продажба купува струја на лето со новата директорка
Економија

ЕСМ Продажба купува струја на лето со новата директорка

09/08/2023

AA

ЕСМ во текот на јули и август купи електрична енергија на слободниот пазар за сума од 7.625.000 евра во летен период кога вообичаено се продаваат вишоци, наместо да се купува увозна струја.

Електричната енергија е купена преку четири повици објавени од ЕСМ Продажба, а се купувало електрична енергија од снабдувачите Дуферко, Соле 24, РЕС Енерџи, ЕТМТ, ГЕН-И, Универзал Енерџи, Футуре и Данске Комодитис. Во текот на јули биле објавени три повици во кои била купена струја за 6.533.700 евра, а во последниот повик за потребни количини од 6 до 13 август биле платени 1,09 милиони евра. Еднократно најмногу фактурирал „Соле 24“, кој наплатил 1.766.000 евра за струја од 6 до 20 јули.

Минатата година во летниот период ЕСМ Продажба не купи ниту еден киловатчас струја, а наместо тоа продаваше ноќни вишоци на струја. Купувањето на електрична енергија е вообичаено за зимските месеци, односно во текот на грејната сезона кога ЕСМ нема доволни произведени количини за да му ги предаде на универзалниот снабдувач на домаќинствата и малите потрошувачи.

Од ЕСМ ова го оправдуваат со топлотниот брон, поради кој менаџментот донел одлука да го прекине работењето на РЕК Осломеј, кој користи технолошка и санитарна вода од изворот Студенчица.

„Поради летниот период и топлотниот бран со кој се
соочуваме во моментов како и зголемена потрошувачка на вода, се јавува проблем
со недостаток на вода во околните места кои се снабдуваат од изворот
Студенчица. Имено поради ваквата ситуација менаџментот на АД ЕСМ донесе одлука
ТЕ Осломеј да не биде повторно вклучена и потребната енергија за целосно
задоволување на потребите да биде набавена на слободниот пазар каде
моменталните цени на електрична енергија се прифатливи. Залихите на јаглен кои
ги има во моментов во РЕК Осломеј ќе бидат искористени во моментот кога ќе има
потреба од производниот капацитет ТЕ Осломеј“, гласи објаснувањето од компанијата/

Од таму додаваат дека ремонтните активности во термоелектраните се
започнати и ја следат динамиката предвидена во годишниот план за превентивно
планско одржување.

Тајмингот на летно купување се поклопува со периодот откако поранешната раководителка на Бирото за метрологија, Мерита Мустафаи од Тетово, е назначена за нова директорка на ЕСМ Продажба – фирмата-ќерка која продава вишоци на електрична енергија и купува струја за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи кога нема доволно производство.

Мустафаи го превзеде местото на Златко Пиперкоски, кој на таа функција беше поставен во октомври лани. Инаку оваа позиција никогаш претходно не била пополнета со кадар на ДУИ. Управниот одбор на АД ЕСМ донел ваква кадровска одлука на 23 јуни.

АД „Електрани на Северна Македонија“, во текот на минатата година купила електрична енергија од слободниот пазар како надополнување за недоволното производство во висина од 51 милиони евра, покажува ревизорскиот извештај објавен на „Македонска берза“.

Преку фирмата-ќерка ЕСМ Продажба од приватните снабдувачи биле купена увозна струја за сума од 3.136.935.000 денари во 2022, што во најголем дел се должи на високите цени за време на енергетската криза. Само една година претходно, трошоците на ЕСМ Продажба изнесувале 1.857.283.000 денари. Разликата за една година е 20,8 милиони евра.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од

12/04/2026
Македонија

Тројца мажи од Македонска Каменица приведени, пијани се испотепале во

12/04/2026
Македонија

Тракторист од Стиник тешко повреден при работа во пластеник во

12/04/2026
Македонија

СО МЕЃУСЕБНА ПОЧИТ ДА ЈА ГРАДИМЕ ДРЖАВАТА КАКВА ШТО ЈА

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42407
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од борби во Камењане

12/04/2026

На 11.04.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане, во атарот на с. Камењане на местото викано „Бунариште“,

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче во „голф“, уапсени тројца, па

12/04/2026

Маж од село Камењане е лишен од слобода поради сомнение за вмешаност во борби со кучиња. Претходно, на локалниот пат

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто Оризари па се пријавил во

12/04/2026

На 12.04.2026 во 01:20 часот во Полициска станица Шуто Оризари, сам се пријави малолетник од Шуто Оризари, кој на 11.04.2026

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy