Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕСМ Продажба „ја пие крвта“ на универзитетската Клиника за хематологија! И наплати струја по цена 20 отсто повисока од таа на берзата
Економија

ЕСМ Продажба „ја пие крвта“ на универзитетската Клиника за хематологија! И наплати струја по цена 20 отсто повисока од таа на берзата

15/11/2024

AA

Апсурдот од либерализацијата на пазарот за снабдувањето со струја на непрофитни јавни и државни установи меѓу кои се болниците и клиниките веќе станува неподнослив. Најнов случај е Клиниката за хематологија која не е профитно ориентирана организација и целосно се финансира од државниот буџет. Оваа клиника ќе плаќа струја 20 отсто поскапо од цената на берзата за струја! Распишале тендер на кој добиле само една понуда, а и таа е од државнат фирма за снабдување со струја ЕСМ Продажба

Државната Клиника за хематологија од Скопје е најновата, но не и последна жртва, на промашената либерализација на пазарот за снабдување со електрична енергија. Имено оваа клиника и покрај тоа што е непрофитна организација односно здравствена врвна установа која треба да се грижи за здравјето на граѓаните е донесена во ситуација да плаќа струја по цена што е за 20 отсто повисока од берзанската цена на електричната енергија.

За што станува збор?

Универзитетската клиника за хематологија, согласно со законските обврски, распишала тендер за набавка на струја. На тендерот се јавила само една компанија за снабдување со струја и таа е државна. Станува збор за фирмата ќерка на ЕСМ која се вика ЕСМ Продажба. Дала една понуда со 20 отсто трговска маржа.

Народски кажано цената што ќе ја плака Клиниката за хематологија за секој потрошен мегаватчас струја ќе биде за 20 отсто повисока од цената по која истиот тој мегават струја се продава на берзата ХУПЕКС во Унгарија.

Дополнително на ова  веќе станува проблем и тоа што на сите тендери како образец се користи тоа што унгарската берза е ценовно референтна и покрај тоа што од мај лани Македонија има сопствена берза за тргување со електрична енергија која успешно расте и се развива.

Само за споредба истата државна компанија ЕСМ Продажба речиси едновремено добива тендер за снабдување со струја на Општата болница во Охрид со провизија од 9 отсто на пазарната цена на струјата.

Односно за истата струја набавена од истиот снабдувач за истиот ден охридската болница ќе плати провизија 9 отсто поскапо од берзанската цена, а државната универзитетска Клиника за хематологија ќе плати 20 отсто поскапо од цената на берзата ХУПЕКС.

ЕСМ Продажба од Клиниката за хематологија ќе наплати трговска маржа од 8.130 евра, а од Општата болница во Охрид ќе наплати провизија во вредност од 28.340 евра.

И двата договори за двете болници се за период од една година. И за двете болници парите ги обезбедуваат граѓаните преку полнење на државниот буџет.

Останува без одговор прашањето до кога непрофитните државни установи меѓу кои се болниците, училиштата, комуналните и водоводните претпријатија ќе плаќаат струја по цени кои се поскапи од тие на берзите за струја?

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МВР НЕМА ЕВИДЕНТИРАН ИЗЛЕЗ НА ИВА МИХАИЛОВА ОД ЗЕМЈАВА Нејзиниот

12/10/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ЗАМИНА НА ЛЕКУВАЊЕ ВО БУГАРИЈА Границата ја поминала

12/10/2026
Македонија

ПРОТИВ КОГО МАРШИРАШЕ ВИКЕНДОВ ФИЛИПЧЕ ВО ПРИЛЕП? Дали против бугарските

12/10/2026
Македонија

🎥 ДИВЕЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА НА ЕДНО ТРКАЛО ЗА ДА СЕ

11/10/2026
Македонија

🎥 ТРГНАЛЕ НА СВАДБА, БЛОКИРАЛЕ СООБРАЌАЈ ВО АЕРОДРОМ Казнети четворица

11/10/2026
Македонија

ДВАЈЦА СТРАНЦИ БЕЗБЕДНО ИЗВЛЕЧЕНИ ОД ПЕРИБЕГ Ги затекнало лошо време,

11/10/2026
Македонија

ДИМИТРИЕВСКИ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ЈА ОДБЛОКИРААТ ДЕПОНИЈАТА КРАСТА Вети

11/10/2026
Македонија

ОХРИЃАНЕЦ ЗАГИНА, МУ СЕ ПРЕВРТЕЛО КАНУТО Го нашле на околу

11/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46116
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МВР НЕМА ЕВИДЕНТИРАН ИЗЛЕЗ НА ИВА МИХАИЛОВА ОД ЗЕМЈАВА Нејзиниот адвокат вели дека и самиот

12/10/2026

МВР нема евиденција за заминувањето на македонската државјанка со бугарски пасош Ива Михаилова во Бугарија, каде што најави дека ќе

ИВА МИХАИЛОВА ЗАМИНА НА ЛЕКУВАЊЕ ВО БУГАРИЈА Границата ја поминала со македонска лична карта

12/10/2026

Ива Михаилова од Кочани, која е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, ја помина македонско-бугарската граница

ПРОТИВ КОГО МАРШИРАШЕ ВИКЕНДОВ ФИЛИПЧЕ ВО ПРИЛЕП? Дали против бугарските фашистички окупатори или против бугарските

12/10/2026

„Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy