Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕСМ: Нормализирана е испораката на топлинска енергија
Економија

ЕСМ: Нормализирана е испораката на топлинска енергија

20/01/2025

AA

Во најкус можен рок е нормализирана испораката на
топлинска енергија за корисниците на ЕСМ Снабдување со топлина. Кај приклучените
потрошувачи на системот за централно греење од овој реон испораката на
топлинска енергија се реализира согласно мрежните правила кај сите станбени и
деловни објекти каде што утрово после 10 часот беше намален квалитетот на
испорака, со исклучок на дел од потрошувачите во Општина Центар.

Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина продолжуваат
со работа, со вложување на максимални напори за што побрзо отстранување на
дефектот во близина на Олимписки базен, по што ќе следи нормализирање на
испораката на топлинска енергија за потрошувачите кои се снабдуваат со
топлинска енергија од тој магистрален вод.

Станува збор за интервенција врз магистрален вод А
во општина Центар што поминува преку булеварот Кочо Рацин, на потегот помеѓу
Веро Центар и Олимписки базен.

„Двегодишната целосна негрижа и неодржување на
дистрибутивната мрежа од претходното раководство сочинето од кадри на СДСМ и на
ДУИ кои несовесно и неодговорно раководеа со системот за дистрибуција на
топлина придонесуваат за појава на неочекувани дефекти. Екипите на ЕСМ
Дистрибуција на топлина продолжуваат со работа, со вложување на максимални
напори за што побрзо отстранување на дефектот, по што ќе следи нормализирање на
испораката на топлинска енергија за потрошувачите кои се снабдуваат со
топлинска енергија од тој магистрален вод. Некоректно е дефект на
топлификациската мрежа кој е последица на негрижата на претходното раководство,
да се користи за паника и вознемиреност кај граѓаните на Град Скопје во
функција на добивање ситни дневнополитички поени“, вели Петар Милетиќ, директор
на ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Стабилизација на времето за Велигден, потоа дожд и ветер

10/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

10/04/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кичево: Девет лица приведени

10/04/2026
Македонија

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога

10/04/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026
Македонија

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026
Македонија

Најстудено утрово на Попова Шапка

10/04/2026
Македонија

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО И ОДГОВОРНО ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ Алкохолот

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42346
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Стабилизација на времето за Велигден, потоа дожд и ветер

10/04/2026

Променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот и услови за слаб локален дожд во источните и северните делови

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

10/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

Масовна тепачка во Кичево: Девет лица приведени

10/04/2026

Девет лица се приведени по жестока тепачка што се случила ноќеска на Осломешка крстосница во Кичево, во која биле употребени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy