Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Енергетска ефикасност во пракса – „Лазо Ангеловски“ е едно од првите училиште со систем за следење на потрошувачката на енергија
Македонија

Енергетска ефикасност во пракса – „Лазо Ангеловски“ е едно од првите училиште со систем за следење на потрошувачката на енергија

26/09/2025

AA

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денес го посети основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром, каде што веќе се инсталирани и успешно функционираат современи системи за паметно мерење и управување со потрошувачката на електрична енергија – дел од иницијативата што започна со потпишаниот Меморандум за соработка со Македонски Телеком.

На посетата присуствуваа министерката Сања Божиновска, главниот извршен директор на Македонски Телеком, Горан Марковиќ, градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

Присутните се запознаа со начинот на функционирање на паметниот систем, кој овозможува во реално време да се следи потрошувачката на електрична енергија, да се идентификуваат непотребните загуби и да се креираат стратегии за поефикасно користење на ресурсите.

„Со вакви проекти ја потврдуваме определбата дека енергетската ефикасност мора да почне од темелите – од училиштата. Она што денес го видовме во „Лазо Ангеловски“ е доказ дека партнерствата со приватниот сектор можат да донесат конкретни и мерливи резултати за јавните институции,“ истакна министерката Сања Божиновска.

Главниот извршен директор на Македонски Телеком, Горан Марковиќ, нагласи дека компанијата останува доследна на својата стратегија за дигитализација и енергетска одржливост:

„Енергетската ефикасност е клучна за нашата иднина и можеме да ја постигнеме само со заедничка работа. Со нашата модерна технологија и партнерството со институциите, може да направиме вистинска разлика за граѓаните и општеството. Оваа донација е одлучен прв чекор кон енергетски ефикасни училишта и институции кои го носат напредокот и ги штитат ресурсите за идните генерации.“

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, изрази благодарност до Министерството и до Македонски Телеком за поддршката:

„Како општина сме горди што токму едно од нашите училишта е меѓу првите примери на ваква современа технологија. Ова е чекор кој ја унапредува локалната инфраструктура и поставува основа за поширока примена на паметни решенија во образованието.“

Директорката на училиштето, Магдалена Петревска, ја истакна практичната придобивка за наставниот и административниот кадар:

„Системот ни овозможува подобра организација на трошоците и поголема енергетска дисциплина. Но најважно е тоа што децата учат од пример – дека рационалното користење на енергијата е секојдневна обврска на сите нас.“

Ова е прв чекор во воведувањето паметно следење и управување со потрошувачката на електрична енергија во јавните институции, а освен во „Лазо Ангеловски“ системот за паметно мерење и управување со електричната енергија е имплементиран и во  основните училишта „Мирче Ацев“ (Ѓорче Петров), „Исмаил Ќемали“ (Чаир) и „Кирил Пејчиновиќ“ (Кисела Вода).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy