Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Емпатија, а не сензација“: ЗОО Скопје демантира дека има 40 угинати животни
Македонија

„Емпатија, а не сензација“: ЗОО Скопје демантира дека има 40 угинати животни

20/02/2025

AA

Зоолошка градина на град Скопје моментално е дом на 646 животни, од 91 видови, за кои се грижат зоонегуватели кои професионално си ја работат својата работа и имаат грижа и љубов кон сите животни.

Се обраќаме до јавноста, со цел и надеж дека одредени поединци ќе престанат со ширење дезинформации и невистини, и со пласирање на информации на начин и со цел да ја вознемират јавноста, како што се објавите за наше прикривање на угинати над 40 животни.

Поради тоа сакаме да известиме за бројот на угинати, но и за бројот на родени животни во 2022, 2023 и 2024 година, според официјалната евиденција и попис.

Во 2023 година се родени 40, а угинати 10 животни, а во 2024 година се родени 33 животни, а угинати 15 животни. Вкупниот број на родени животни за овие три години е 73, додека пак на угинати е 25. Повеќето од угинатите животни се единки кои биле во длабока старост. Со оваа официјална бројка сакаме да ставиме крај на дезинформациите за угинати над 40 животни кои се пласираат во јавноста.

Во нашата држава има уште многу институции кои се привремен или постојан дом на животни и луѓе, но од ниту една од нив не се очекува и бара, ниту пак тие ја известуваат јавноста за секое угинато животно или починат човек, поради тоа што исто како и на нашата установа, така и на нив, приоритет им е емпатијата кон блиските на угинатото животно или починатиот човек, како и невознемирувањето на јавноста која има емпатија кон сите животни и луѓе. Напоменуваме дека огромен процент на наши посетители е составен од деца.

Јавно ги каниме советниците од Советот на Град Скопје, сите медиуми, институции, здруженија и други групи директно или индиректно засегнати и заинтересирани за работењето на нашата установа, организирано и со најава да ја посетат Зоолошка градина Скопје и сами да се уверат во начинот на грижата за животните и нивната благосостојба и да се уверат во отчетноста на нашата установа преку евиденцијата и документацијата која ја водиме и поседуваме.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Становите на Груевски поевтини за 200.000 евра, државата повторно ги

03/09/2026
Македонија

Македонската економија забрза во вториот квартал: БДП порасна 4,3 отсто

03/09/2026
Македонија

Петмина приведени во Велес: Пронајдени оружје, муниција и дивеч од

03/09/2026
Македонија

Солзи радосници на ГАК: Малата Бисера по 82 дена замина

03/09/2026
Македонија

Личната карта и возачката дозвола наскоро во телефон: Во октомври

03/09/2026
Македонија

Кошаркарски тренер од Охрид е жртвата во стравичната несреќа на

03/09/2026
Македонија

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е стабилно, но

03/09/2026
Македонија

Петровска бара надзорна расправа за дата-центрите: „Граѓаните имаат право да

03/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45432
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Становите на Груевски поевтини за 200.000 евра, државата повторно ги продава

03/09/2026

Трите луксузни апартмани во комплексот „Панорама Резиденс“ на Водно повторно се најдоа на продажба, но овојпат по значително пониски цени.

Македонската економија забрза во вториот квартал: БДП порасна 4,3 отсто

03/09/2026

Македонската економија во вториот квартал од 2026 година забележала значително забрзување, со реален раст на БДП од 4,3 отсто, покажуваат

Петмина приведени во Велес: Пронајдени оружје, муниција и дивеч од незаконит лов

03/09/2026

Пет лица се лишени од слобода во Велес по полициска акција во која биле пронајдени ловечко оружје, муниција и поголема

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy