Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕМ ПОЕВТИНО, ЕМ ЌЕ ГИ ИЗБЕГНАТ ПЕКОЛНИТЕ ЖЕШТИНИ: Македонците сè почесто одат на море во септември и октомври
Економија

ЕМ ПОЕВТИНО, ЕМ ЌЕ ГИ ИЗБЕГНАТ ПЕКОЛНИТЕ ЖЕШТИНИ: Македонците сè почесто одат на море во септември и октомври

25/09/2024

AA

Македонските
граѓани сè почесто одат на море во
септември и октомври. Од туристичките агенции во земјава потврдуваат дека цел
септември имаат аранжмани за посета на повеќе земји, во регионот и подалеку.
Велат дека се смени климата, но и навиките на луѓето. Граѓаните бираат да одат
на море во септември и октомври поради пониските цени, но и затоа што преку
лето е пеколно жешко. На тој начин заштедуваат, но и времето уште е пријатно за
да можат да одмораат на плажа, да се капат и да шетаат.

„Има аранжмани за
септември, највеќе одат двојки и повозрасни лица. Семејни луѓе имаме помалку, затоа
што децата се на училиште. Повозрасните си сакаат да одат на одмор во септември
поради температурата, исто така има луѓе кои сакаат да избегнат гужви и
жештини. Септември е најубав месец за одмор, можат цел ден да бидат на плажа“,
додаваат од туристичката агенција Хавана Травел од Скопје.

Слични се
искуствата и во другите туристички агенции во земјава.

„До 15-20 октомври имаме клиенти кои ќе
одат на одмор. Се помести летото, се сменија навиките. Луѓето периодов патуваат
во Египет и Турција. Поевтино е, имаме доста аранжмани за во есен. Ако во
октомври за четири члена одморот е 1.900 евра, во екот на летото е над 2.500
или 2.700 евра. Цел септември е полн“, велат од битолска туристичка агенција
.

Ако порано повеќето сакаа да одат на одмор во шпицот на летото, сега има и
поинакви примери.

„Има интерес и уплати за септември и октомври. До 20 октомври има уплати. Сега
туристите одат во Египет и Турција. Некои се зафатени преку лето, за Струга
зборувам, работат до 15 септември. Некои поради пониски цени одат во септември
и октомври. До кога има чартери, до тогаш има и заинтересираност“, велат агенцијата
Аура Травел од Струга.

Исто така како предност се смета и тоа што во предсезона или наесен, сите
реквизити кои ви се потребни за на плажа ќе ги набавите поевтино. Многу услуги
во туристичките места сега се поевтини за разлика од екот на сезоната. Медитеранските земји имаат совршени климатски услови за одмор
во септември. Сепак,
постои побогат општествен слој кој може да оди на одмор, кога ќе посака и каде
ќе посака. Овие луѓе обично патуваат во Дубаи, на Малдивите, на Бали или во
Мексико во период кога овде времето не е соодветно за одење на плажа. Инаку,
вообичаено македонските туристи патуваат во Грција, но сега и Албанија е
актуелна, па така за седум месеци годинава, кај западниот сосед имало скоро
половина милион македонски туристи.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИТИКА СЕ КРИЕ ЗАД СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Бугарски политичари и

15/10/2026
Македонија

БРЗАТА ПРУГА ЌЕ СЕ ГРАДИ ОД ПРОЛЕТ, ВО ЈАНУАРИ ЌЕ

15/10/2026
Македонија

ДА СОЗДАДЕМЕ КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР Државата

15/10/2026
Македонија

ДА СОЗДАДЕМЕ СО КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР

15/10/2026
Македонија

ДОЖД ВО ГРАДОВИТЕ, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ За викенд сончево и

15/10/2026
Македонија

ВО СЕКОЈА ПРИСТОЈНА ДЕМОКРАТИЈА ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ИЗБОРИ Ако побара СДСМ,

15/10/2026
Македонија

НЕМА ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО ИВА МИХАИЛОВА

15/10/2026
Македонија

РЕЧИСИ 25.000 ЛУЃЕ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП Министерството

15/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46195
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИТИКА СЕ КРИЕ ЗАД СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Бугарски политичари и македонската опозиција сакаат да ѝ

15/10/2026

Зад случајот со Ива Михаилова се крие политичка позадина за да ѝ се нанесе штета на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

БРЗАТА ПРУГА ЌЕ СЕ ГРАДИ ОД ПРОЛЕТ, ВО ЈАНУАРИ ЌЕ ПРИСТИГНАТ ПРВИТЕ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ Се

15/10/2026

Градежните работи на брзата пруга од Табановце до Гевгелија би можеле да почнат напролет, откако навреме би биле завршени сите

ДА СОЗДАДЕМЕ КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР Државата е партнер на претприемачите, а

15/10/2026

Иднината на нашата држава не зависи од тоа колку гласно ќе зборуваме за економскиот развој, туку од тоа колку ќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy