Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕКСТРАДИЦИЈА НА КРИПТО КРАЛОТ КВОН ДО: Црна Гора одлучи да го испорача на САД, Јужнокореецот направи измама од 40 милијарди долари
Економија

ЕКСТРАДИЦИЈА НА КРИПТО КРАЛОТ КВОН ДО: Црна Гора одлучи да го испорача на САД, Јужнокореецот направи измама од 40 милијарди долари

02/01/2025

AA

Девет месеци по неговото апсење, Црна Гора одлучи да го
екстрадира Квон До во САД. Криптотајкунот е осомничен за имама на бројни инвеститори кои изгубија 40 милијарди долари инвестирајќи
во неговата криптовалута.

Во петокот, министерот за правда на Црна Гора ја потпиша одлуката со која се наредува негова екстрадиција.Тој
го потпиша решението откако Уставниот суд во вторникот ја одби жалбата на
пресудата на Врховниот суд.

Форбс Хрватска за
Квон До пишуваше уште во март, кога започна граѓанската тужба против
него во САД. Тогаш, тој беше
уапсен во Црна Гора, која најпрвин ја одобри неговата екстрадиција во Јужна
Кореја, но подоцна ја промени таа одлука. Оттогаш отворена е можноста за
екстрадиција во САД.

Уапсен во март,
екстрадиција се чека во Канцеларијата за имиграција

Според медиумите,
Уставниот суд на седницата во октомври прво го усвоил барањето за суспендирање
на екстрадицијата на јужнокорејскиот крипто тајкун во Јужна Кореја или САД, а
по избор на министерот за правда, до донесување на конечната одлука. Претходно,
во септември, Врховниот суд усвои барање за заштита на законитоста и ги промени
одлуките на Високиот и Апелациониот суд за екстрадиција во Јужна Кореја, со што
утврди дека се исполнети условите за екстрадиција на До Квон во САД. Со истата
пресуда судот одлучи списите на предметот да бидат доставени до министерот за
правда на Црна Гора за да одлучува за дозволата за екстрадиција.

Американските и јужнокорејските власти го истражуваа До Квон
за неговата улога во една од најголемите катастрофи во историјата на
криптовалутите. Во мај 2022 година, вредноста на двете криптовалути што тој ги
создаде, TerraUSD и Luna, падна, бришејќи 40 милијарди долари од пазарот на
криптовалути и предизвикувајќи верижна реакција што ги турна другите дигитални
крипто компании во банкрот, наведуваат американските медиуми. Инвеститорите
ширум светот ги загубија своите заштеди. Истрагата заклучи дека До Квон ги
лажел инвеститорите и а бил осомничен
дека криел богатство.

Тој и неговиот деловен партнер Хаан Чанг Џун беа уапсени на
23 март минатата година на аеродромот во Подгорица кога користеле фалсификувани
документи при пасошка контрола на лет за Дубаи.

До Квон беше осуден на четири месеци затвор во Црна Гора, а
САД и Јужна Кореја побараа негова екстрадиција. По излегувањето од затворот во
Спуж на 23 март, полициските службеници го однеле До Квон кај инспекторот за
странци, а потоа по петчасовен распит го однеле во Прифатниот центар за
странци. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ ПРЕСТАНУВА, ДОАЃААТ УТРА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Од четврток магла,

03/11/2026
Македонија

СИТЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД АКЦИСКИОТ ПЛАН, САМО БУГАРИЈА НЕ Е

03/11/2026
Македонија

„ГЕРЕСХАЈМЕР“ ПЛАНИРА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Три нови производствени капацитети

03/11/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ВО ПОТРАГА ПО НОВИ ГЕРМАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ Во Северна Рајна-Вестфалија

03/11/2026
Македонија

📷 МВР УЧЕСТВУВАШЕ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ЕВРОПОЛ Запленети над

03/11/2026
Македонија

📷 МВР УЧЕСТВУВАШЕ ВО РАЗБИВАЊЕ МЕЃУНАРОДНА ИНТЕРНЕТ-ИЗМАМА Запленети над 100

03/11/2026
Македонија

НАД 94% ОД БРОИЛАТА ЗА СТРУЈА РЕДОВНО СЕ ЧИТААТ Во

03/11/2026
Македонија

И ЕУ МОРА ДА ПОКАЖЕ ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА Дијалогот со кандидатите

03/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46552
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ ПРЕСТАНУВА, ДОАЃААТ УТРА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Од четврток магла, за викендот постудено

03/11/2026

Времето во среда, 4 ноември, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои кон крајот на денот ќе престанат.

СИТЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД АКЦИСКИОТ ПЛАН, САМО БУГАРИЈА НЕ Е Време е Унијата да покаже

03/11/2026

Сите држави во ЕУ се задоволни од македонскиот Акциски план за малцинствата, освен Бугарија, иако документот е изработен со експерти

„ГЕРЕСХАЈМЕР“ ПЛАНИРА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Три нови производствени капацитети би можеле да донесат 1.000

03/11/2026

Три нови производни капацитети би можеле да бидат најавени во декември, а со нивното достигнување на полн капацитет се очекува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy