Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Експлозија во воената фабрика „Слобода“ во Чачак: Пациент со изгореници примен во болница
Регион

Експлозија во воената фабрика „Слобода“ во Чачак: Пациент со изгореници примен во болница

18/10/2024

AA

Во воената фабрика „Слобода“ во Чачак рано утрово дошло до експлозија. Според првите информации од терен, експлозијата се случила во одделението за пиротехника.

Во експлозијата се повредени четири лица, од кои едно се здобило со тешки телесни повреди. Како што пренесуваат медиумите од Србија, во болницата во Чачак пристигнал еден пациент со изгореници на лицето и веднаш бил згрижен на одделението за интензивна нега.

Последната експлозија во „Слобода“ се случи пред три години во јуни, а тогаш немаше повредени работници.

Претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, во оваа прилика изјави дека најважно е повредените во експлозијата од утринава во фабриката „Слобода Чачак“ да закрепнат и што поскоро да се вратат кај семејствата и да работат. Вучевиќ за ТВ Пинк изјави дека во таа фабрика се ракува со запаливи материјали.

„Тоа е производство кое користи супстанции кои се опасни и бараат посебно внимание“, посочи Вучевиќ и додаде дека не треба да прејудицираме што ја предизвикало експлозијата и дека треба да се чека што ќе кажат полицијата, воената полиција и форензиката.

Од медицинските екипи е потврдено еден еден маж е потешко повреден во експлозијата.

– На итната помош примен е 36-годишен маж со изгореници на лицето и вратот и повреда на десната рака. Тој е повреден во експлозијата што се случи во Слобода. Примен е на Одделот за интензивна нега – потврдија од Општата болница во Чачак.

Жителите на овој дел од градот велат дека слушнале силен крик, а потоа се затресла вратата од куќата.

– Со години живееме овде, но секогаш кога ќе слушнеме детонација се плашиме. Пред три години, моравме да ги напуштиме нашите домови на некое време, бидејќи тие беа оштетени во експлозија во јуни 2021 година. Само се надеваме дека ова ќе престане, нема да се повтори – изјави еден од мештаните.

Несреќата се случила во раните утрински часови, а се претпоставува дека експлозијата се случила во одделението за пиротехника.

 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МЛАДИТЕ ШТО ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ИМААТ СОГОВОРНИК ВО ПРЕМИЕРОТ Мицкоски

22/11/2026
Македонија

20% ПОВЕЌЕ УСЛУГИ ЗА СТУДЕНТИТЕ И ЗА МЛАДИТЕ Поволностите ќе

22/11/2026
Македонија

СТАНОВИТЕ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ БИДАТ ЗА 20% ПОЕВТИНИ

22/11/2026
Македонија

ПОЧИНА БИЗНИСМЕНОТ БОШКО РЕМИС Се занимаваше со градежништво и со

22/11/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ДОЖДЛИВА НЕДЕЛА На планините ќе има снег

22/11/2026
Македонија

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ГОСТИВАР Се пребарува и по

22/11/2026
Македонија

РАМА ТВРДИ ДЕКА АЛБАНИЈА НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ПОПРЕЧУВА ПАТОТ

22/11/2026
Македонија

ONE STOP SHOP ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА НА ЌАФАСАН Мицкоски и

22/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46886
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МЛАДИТЕ ШТО ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ИМААТ СОГОВОРНИК ВО ПРЕМИЕРОТ Мицкоски ѝ порача на опозицијата да

22/11/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска им порача на младите кои протестираа против насилството врз жените, дека во

20% ПОВЕЌЕ УСЛУГИ ЗА СТУДЕНТИТЕ И ЗА МЛАДИТЕ Поволностите ќе се користат преку апликацијата м.услуги

22/11/2026

Како трета мерка за младите премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, најави 20 проценти поголеми услуги за студентите и

СТАНОВИТЕ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ БИДАТ ЗА 20% ПОЕВТИНИ Фирмите ќе бидат задолжени да

22/11/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од конференцијата на Унијата за млади сили на партијата, најави три клучни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy