Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ексклузивна модна вечер во Diamond Mall – дел од Skopje Fashion Festival
Македонија

Ексклузивна модна вечер во Diamond Mall – дел од Skopje Fashion Festival

04/04/2024

AA

Diamond Mall ја има честа да биде домаќин на годинешното – четврто по ред – издание на Скопскиот моден фестивал (Skopje Fashion Festival), што се одржува од 3. до 6. април. Програмата на ова издание на Скопскиот моден фестивал, што се одвива под слоганот „Среќата е насекаде!“, преставува уникатен спој на модни ревии и уметнички перформанси, музички, танцови и сценски изведби, како и шоу настапи на познати ѕвезди.

Во рамки на втората вечер од фестивалот, на 4 април, заинтересираната публика ќе има прилика да ја проследи модната ревија на познатите странски брендови кои се присутни во Diamond Mall. Ревијата се состои од три целини, секоја од нив посветена на посебна тема. Првата се однесува на ексклузивни модели за луксузен изглед и ги опфаќа брендовите на Magnetic Gallery, Motivi, Oltre, Gerry Weber, како и City Fashion. Во вториот дел ќе бидат претставени последните колекции на дел од спортските брендови присутни во Diamond Mall, како: Buzz, D Sport, Sport Reality и Sport Vision. Третата тема е посветена на секојдневната елеганција, претставена преку S. Oliver, Tom Taylor, Altinyildiz, Koton и DeFacto. Во рамки на вечерашниот настан, модно претставување ќе имаат и студентите од Универзитетот „Мајка Тереза“, додека за музичкиот дел од настанот и забавата ќе се погрижат: Кристина Поптрпева, Дарко Гроздановски и DJ Mario Thrumpet.

Скопскиот моден фестивал е етаблирана културно-забавна манифестација која на едно место ги обединува сите еминентни претставници од домашната модна и креативна индустрија и истовремено им дава простор на младите таленти да ги промовираат своите дела.

Манифестацијата совршено се вклопува во уникатниот концепт Diamond Mall кој нуди врвно искуство, преку комбинацијата на шопинг, забава и дружење и прерана во новото популарно собирно место за сите жители и посетители на македонската метропола. Локацијата каде се одвива фестивалот преставува издвоен и специјално адаптиран простор во Diamond Mall со површина од 2.000 квадратни метри, естетски уреден во урбан, индустриски и еклектичен стил, дополнително опремен со најсовремена аудио, видео и светлосна технологија.

 

 

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од

12/04/2026
Македонија

Тројца мажи од Македонска Каменица приведени, пијани се испотепале во

12/04/2026
Македонија

Тракторист од Стиник тешко повреден при работа во пластеник во

12/04/2026
Македонија

СО МЕЃУСЕБНА ПОЧИТ ДА ЈА ГРАДИМЕ ДРЖАВАТА КАКВА ШТО ЈА

12/04/2026
Македонија

Јовановиќ: Доаѓа нов ценовен удар – Македонија ќе го почувствува

12/04/2026
Македонија

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА Зајкова и Муса се

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42405
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто Оризари па се пријавил во

12/04/2026

На 12.04.2026 во 01:20 часот во Полициска станица Шуто Оризари, сам се пријави малолетник од Шуто Оризари, кој на 11.04.2026

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока криза во општеството и губење

12/04/2026

Митрополитот Преспанско-Пелагониски Петар објави велигденско послание до верниците: Возљубени чеда на Христовата Светлина! Денес каменот е оттурнат не само од Гробот Господов,

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од девер

12/04/2026

Два одделни случаи на семејно насилство се пријавени во СВР Велес, при што едно лице е приведено по напад врз

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy